Како да зборувате како Трамп

Краток водич за зборување на жаргонот на американскиот претседател.

Веднаш штом Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседател, луѓето забележаа неколку од неговите лингвистички особености, како отегнатото нагласено изговарање на самогласката во „огромно“ (huge) и зборувањето за себе во трето лице. Но освен тоа, верзијата на англискиот јазик што тој ја зборува е на ниво на негов сопствен жаргон, со посебен речник и синтакса и психолошки слој. Пред една година Алек Болдвин и јас одлучивме да напишеме пародични мемоари, „Не можете да спелувате Америка без мене: стварно страшно добрата инсајдерска приказна за мојата фантастична прва година како претседател“, целосно на тој жаргон. За да се подготвам, неколку недели проучував записи од неговите интервјуа и прес-конференции и декларации, како и илјадници негови твитови, за да составам лексикон што би можел да го консултирам додека пишуваме. Ова е скратена верзија на тој водич низ Трамповиот стил.

 

ПРИДАВКИ

• ПОЗИТИВНИ

чудесно / прекрасно / најдобро / прва лига / брилијантно / елегантно / легендарно / фантастично / фино/ добро/ одлично/ среќно/ чесно / неверојатно / пријатно / извонредно / феноменално / моќно / софистицирано / посебно / јако / успешно / врвно / страшно / невозможно

• НЕГАТИВНИ

досадно / комплетно и тотално / расипано / одвратно / нечесно / будалесто / тапо / просто / ужасно / интересно* / недобро / застарено / неконтролирано / преценето / патетично / смешно / непристојно / тажно / страшно / неправедно / слабо / најлошо

* како синоним за сомнително

 

• ЕКСТРЕМНИ

големо / огромно / главно / многу / масивно / многубројно / шокантно / значително / јако / неизмерно

Забелешка: Може да се изговори еднаш, двапати („главно, главно“) или три пати („многу, многу, многу“).

 

ПРИЛОЗИ

апсолутно / страшно / базично / сигурно / екстремно / искрено / главно / мошне / неверојатно / тотално / стварно / неверојатно / многу / брутално / бизарно

 

НЕГАТИВНИ ИМЕНКИ

бонбонче* / хаос / кловн / катастрофа / глупак / тупак / омраза / идиотизам / неспособност / фарса / небитност / лузер / пропалитет / морон / лажњаци / проблем / терор / слабост

* како синоним за евтина или широко дистрибуирана стока, како што се нелегални дроги и протечени информации

 

НЕЈАСНО НАВЕДУВАЊЕ НА ИЗВОРОТ

ОПШТО

• Многу луѓе велат...

• Луѓето мислат дека тоа ќе се случи.

• Сите зборуваат за тоа.

• Тие велат...

• Сега сите велат...

 

ЛИЧНО

• Тоа е тоа што го чув.

• Чув дека...

• Она што го чув...

• Слушам дека...

• Многу луѓе ми велат...

• „Го видов тоа, и некако бев сведок - всушност, во два наврати навистина бев сведок на тоа“.

 

ПОСЕБНИ ФРАЗИ

• верувај ми

• инаку...

• нема поим

• избегнува казна за убиство

• полн погодок

• удри ме појако

• имам многу, многу пријатели

• морам да ви кажам

• јас победив

• јас верувам во

• многу добро ми оди

• да бидам искрен

• во целиот свет

• ни се смеат

• такви како нив

• никогаш порано не сум видел, никогаш

• нема шанси

• …океј?

•...нели?

• дека можам да ви кажам

• тие не нè почитуваат

• да бидеме совршено искрени

• многу вклучени

• никој и ништо

 

ЧЕСТО ПОВТОРУВАЊЕ НА ЗБОРОВИ И ФРАЗИ

• „Тој е човек со слаба енергија, да бидеме искрени. Нам не ни треба слаба енергија. Нам ни треба голема енергија.“

• „Мислам, ние ги браниме сите. Ние ги браниме сите. Без разлика кој е, ние ги браниме сите. Го браниме светот.“

• „Децата сакаат кога ќе пораснат да бидат терористи. Нив ги учат кога ќе пораснат да бидат терористи... Тие мора да престанат да ги учат децата да сакаат кога ќе пораснат да бидат терористи.“

• „Не може едноставно да имате стандард. Не може едноставно да кажете дека имаме општ стандард низ целиот свет... не може да имате општ стандард. Може да кажете... звучи убаво да се каже: 'Имам општ стандард; еве го'... Но, знаете... тоа нема да биде општ стандард.“

„Ние бевме големиот силеџија, но не бевме паметно раководени. А бевме големиот силеџија што беше големиот глупав силеџија.“

Автор: Курт Андерсен

Извор: Атлантик

Македонија не е само наслов. Таа е стратегиски партнер во еден регион во кој на САД им се потребни пријатели. Таа копнее за членство во НАТО, а нејзините млади луѓе ја прифаќаат американската култура - музиката, бургер кингот и англискиот јазик - како своја, вели Рејчел Г. Коен за Бостон глоуб.

повеќе

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе