Јахта Порше, кога не ти е доволно само кола (ФОТО+ВИДЕО)

Постои цел еден свет на луксузни производители на автомобили, кои дизајнираат и суперјахти. Свет што ретко го гледаме, затоа што, веројатно, не сме доволно нафатирани за да си го дозволиме тоа. До толку е просто.

Но тоа не значи дека не можеме да му се восхитуваме на 20-метарскиот Ниниет 66 од Бугати, кој излезе во март оваа година. И - се кладиме - тоа нема да ве спречи со стравопочит да го ѕирнете новиот ГТТ 115, суперјахта што е продукт на соработката помеѓу Дајнемик и Студио ФА Порше.

Еве ја.

Не мора да знаете речиси ништо за Порше, а уште помалку за луксузните бродови, за окото да ви го бендиса овој 35-метарски брод со неговиот елегантен, футуристички дизајн.

Лансиран во Виареџо, Италија, ГТТ 115 беше дефиниран како „модерна суперјахта за џентлмени“ од Сергеј Добросердов, извршен директор на Дајнемик, и мора да признаеме дека изгледа прилично кул со својата „родиум-сива металик боја“. 

ГТТ 115 многу ефикасно ги вклопува перформансите и ефикасноста, бидејќи максималната брзина му е 21 јазол, а радиусот со крстосувачка брзина 3.400 наутички милји.

Најверојатно треба да му се заблагодариме на Порше за германски минималистичкиот, елегантен концепт на бродот. Како што признава претпријатието со седиште во Монако, јахтата има многу посебен дизајн: „нејзините флуидни линии, странични контури и избалансирани пропорции потсетуваат на заоблените, мускулести површини на порше 911.“

Совпаѓањата се насекаде, дури и во најмалите детали, како клинот на бродот (каде што го врзувате јазолот), кој потсеќа на задните светла на автомобилот, или обликот на сончевата сенка, сличен на линиите на спортскиот автомобил.

Еве ако сакате да направите споредба:

Дури и ентериерот на јахтата потсетува на дизајнот на автомобилот:

„Собите се визуелно поврзани со декоративни алуминиумски и дрвени летви, инспирирани од контролната табла на порше мишн е. браун, а кремастата кожа доминира во боите и материјалите, заедно со ткаенината алкантара и индиректното ЛЕД-осветлување, како што обично е во автомобилот.“

Ова во основа е порше на вода.

На располагање се само 7 вакви јахти, па побрзајте ако купувате! Доаѓаат по цена од „само“ 16.720.000 долари.

Објавено

Четврток, Септември 21, 2017 - 12:21

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе