Изненадената реакција на Ким Џонг Ун на шегата на Трамп за „згодни и слаби“ (ВИДЕО)

Повеќето луѓе не би користеле меѓународен самит за нуклеарно оружје за да ги испробаат своите најнови комични досетки.

Повеќето луѓе не се претседателот Трамп.

За време на ручекот на самитот во Сингапур во вторникот, претседателот се пошегува со фотографите дека треба да ги направат него и Ким Џонг Ун да изгледаат „згодни и слаби“.

„Добри слики изнасликавте? Значи изгледаме фини, згодни и слаби? Совршено“, се пошегува Трамп.

Погледнете ја реакцијата на севернокорејскиот лидер:

На самитот имаше преведувачи, па не изгледа дека Ким Џонг Ун ја пропуштил шегата.

Трамп го има наречено севернокорејскиот лидер „низок и дебел“ во еден свој поранешен твит.

„Зошто Ким Џонг Ун би ме навредил нарекувајќи ме 'стар' кога јас НИКОГАШ не би го нарекол 'низок и дебел'? О, па јас толку многу се трудам да му бидам пријател - а можеби еден ден тоа и ќе се случи!“

Со други зборови... Мислев дека никогаш нема да имам ништо заедничко со спектакуларно насилниот, брутално угнетувачки севернокорејски диктатор што го изгладнува својот народ, но ми беше драго што можевме да го споделиме овој заеднички момент на хорор.

Прогрес, луѓе!

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе