Илјадници Израелци ја слават победата на Евровизија (ВИДЕО)

Илјадници Израелци рано изутрина излегоа на улиците на Ерусалим да ја прослават победата на нивниот претставник, Нее Барзaлај (25) на Евровизија што се одржа синоќа во Лисабон.

Нета со техно песната „Играчка“ го освои првото место на Евровизискиот натпревар.

Израелците се собраа на плоштадот Рабин пред Градската куќа, а многумина еуфорично скокнаа во фонтаната, пренесува Тајмс оф Израел.

Ова е прва победа за Израел по 1998 година и е нивна четврта на овој престижен музички натпревар, која на Ерусалим му ја донесе улогата на домаќин на Евровизија следната година.

„Следниот пат во Ерусалим“, извика Нета по прогласувањето на победникот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја честиташе победата на Барзилај, истакнувајќи дека таа била „најголемиот амбасадор на Израел“.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе