Гледајте го Бил Гејтс како пробува (и не успева) да ги погоди трошоците за храна на нормалните луѓе (ВИДЕО)

Не е сè толку скапо, Бил!

Бил Гејтс е насекаде во последно време! Го игра квизот „Колку е срање светот?“ со јутјуберот Ингрид Нилсен, се подготвува да гостува на „Теоријата на Големата експлозија“, а завчера пробуваше да ги погоди цените на основните намирници, со помош на Елен Деџенерес.

Во вторникот, Деџенерес првпат го пречека софтверскиот магнат во своето дневно ток-шоу. Си муабетеа за подемот на Гејтс до милијардерството, за неговата лична собна трамбулина и за неговата работа со Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, пред да се впуштат во една мала игра во која Гејтс пробуваше да ги погоди цените на разни производи од супермаркет, како ориз, детергент и лиснати кифли. Гејтс се мачеше да ја каже цената на речиси сè - освен на забниот конец.

Задевањето славни личности за нивното богатство не е ништо ново за Деџенерес, која, на пример, минатата есен го испрати Крис Џенер да купува во продавница „за само 99 центи“. Но има нешто посебно забавно, ако не и загадочно, во гледањето како Гејтс се мисли - гласно и збунето - дали кутија смрзнат спанаќ со сос од артичок навистина може да чини помалку од 10 долари (реално, чини 3,66 долари).

Се разбира, Гејтс е малку зафатен со подобрување на светот и на светското здравје, па може треба да го олабавиме човекот.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе