Феј Данавеј заслужува Оскар во оваа реклама на Гучи (ВИДЕО)

Феј игра тенис во чипкаста тренерка, ужива покрај базен и оди во шопинг со голем шешир на главата.

Оскаровката Феј Данавеј во последното видео од кампањата на Гучи глуми една стварно шик-баба. Видеото е снимено во Лос Анџелес, а таа во него ужива во живот за каков што сите сонуваме: шопингува во Родео драјв со огромен шешир на главата, шета рака под рака со Соко и околу неа се вртат илјада слугинки. Феј и нејзината „ќерка“ Соко се излежуваат покрај базен, комплетно облечени во неверојатни креации на Алесандро Мишел. Потоа одигруваат партија тенис, за што Данавеј облекла тренерка од чипка, и на крај, ја запознава Соко со својата специјална ташничка Силви.

Повеќето постари членки на нашите семејства никогаш не учествувале во такви активности и наместо тоа најчесто сме ги гледале над шпорет како месат пита или пред телевизор.

Ама повеќето луѓе не се како Феј, која трипати беше номинирана за Оскар, еднаш го освои, а во својата колекција има многу други награди.

Данавеј е позната по јавните настапи и интервјуа. Во едно од нив рече: „На некој начин сакам да бидам сама и да му се посветам на она што го правам, знаете, да бидам концентрирана на себе“.

И тоа е само дел од причините зошто сите ја обожаваат.

Објавено

Сабота, Јули 28, 2018 - 20:15

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе