Џон Оливер забранет во Кина откако го критикуваше нејзиниот претседател (ВИДЕО)

Џон Оливер е забранет во Кина откако го критикуваше кинескиот претседател Си Џинпинг.

Најголемиот кинески сајт за социјални медиуми забрани секакво споменување на водителот по епизодата на оваа американска емисија во која тој му се потсмеваше на кинескиот претседател Си Џинпинг, на неговата наводна осетливост на споредбата со Вини Пу и на кршењето на човековите права во неговата земја.

Би-би-си ја потврди цензурата со обид - неуспешен - да објави статус со името на Џон Оливер на кинескиот сајт на социјални медиуми Ваибо. Ако се обидете да постирате, ви стигнува порака за грешка во која се наведува дека постот е прекршување на „релевантните закони и прописи“.

Во епизодата Оливер детално го опишува мошне критикуваното отстранување на ограниченоста на претседателските мандати, што му овозможи на Си да остане на власт до крајот на неговиот живот.

Британскиот презентер не запре таму. Тој го истакна случајот на активистот за човекови права, Лиу Сиаобо, кој беше сметан за криминалец и умре додека служеше 11-години затворска казна за субверзија во 2017 година. Како и на Оливер, и спомнувањето на Лиу е цензурирано на Веибо.

Тој, исто така, подоцна го доведе во прашање третманот на муслиманските малцинства Ујгури, кои се соочуваат со нови ограничувања што ги спроведува кинеската влада.

Вообичаено е интернет-активностите да бидат цензурирани во Кина, при што наводно вработени се милиони луѓе за брзо бришење на ставовите што се сметаат за политички некоректни.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе