Лична одговорност

Џеф Бриџис предупредува: Трамп мора да нè инспирира да преземеме акција

Оскаровецот прозборе за својот нов еколошки филм „Живеење во идното минато“, за климатските промени и за 20-годишнината од „Големиот Лебовски“.

Во јуни 2017 година актерот Џеф Бриџис даде неколку коментари во врска со претседателствувањето на Доналд Џ. Трамп, што погоди многу од неговите обожаватели како мошне не-Дуд постапка.

Кога беше запрашан за администрацијата на Трамп, Бриџис кажа за АП дека за разлика од толку многу негови холивудски современици, тој нема да сервира никакви критики, туку зборови на охрабрување: „Навивам за него да прави добро за нашата земја“.

Десничарските медиуми, од Брајтбарт до Блејз, очајни за трошка симпатии од славните, го извртеа цитатот, насликувајќи го актерот како симпатизер на нивната кауза.

Ништо не може да биде подалеку од вистината.

Знаете, Д Дуд не се повинува на Трамповата доктрина.

„Многу од правците во кои нè води Трамп ми се разочарувачки, и наместо да се гушам во моето разочарување и да кревам раце, јас велам дека мораме да се фатиме за работа“, вели Бриџис за Дејли бист. „Ајде момци, ајде да создадеме еден вид свет што го гледаме. Ако не сакате да одите во таа насока, ајде, ајде да тргнеме во друга насока. Го користам тоа за да ме инспирира да преземам акција“.

Навистина, покрај неговата работа во кампањата „Ниедно гладно дете“ за да му се стави крај на детскиот глад, на зачувувањето на животната средина и функцијата во креативниот совет на „Сите градови за безбедност од оружјето“, Бриџис го испродуцира и е наратор во претстојниот документарен филм „Живеење во идното минато“, кој во киносалите ќе излезе на 9 октомври.

Филмот дава исклучиво непристрасен поглед на ужасната состојба на животната средина, во која се прикажани некои од водечките мислители во земјата - филозофи, инженери на НАСА, поранешни воени генерали - и, се разбира, самиот Бриџис, кој го управува бродот со размислувања како „она што ние го доживуваме како реалност доаѓа од вредносните процени што постојат во нашите умови“.

„Ние не покажуваме со прст кон луѓето што го прават тоа погрешно. Заедно сме во ова. Така сме еволуирале како вид. Затоа, сакавме да фрлиме светлина на некои од овие мислители, филозофи, воени момци и да ги слушнеме нивните идеи“, објаснува Бриџис. „Моите политички чувства се дека има луѓе со идеи и луѓе без идеи. Мене луѓето без идеи ме инспирираат да се фатам за работа и да ја кажам мојата визија за тоа каков мислам дека треба да биде светот“.

На прашањето дали овој 68-годишник мисли дека религијата и науката фундаментално се во меѓусебен судир, и како, со оглед на тоа што голем дел од населението ги отфрла основните научни принципи како еволутивната биологија, треба да ги придобиеме овие луѓе во врска со, на пример, климатските промени, тој одговара:

„Во врска со религиозниве луѓе, има многу работи што може да ги привлечат луѓето да преземат акција. Ние треба да бидеме чувари на нашата планета. Нели Библијата го кажа тоа? Што било што ќе нè вклучи, човече. Но во крајна линија, треба да се ангажираме - не само со гласање, а претстојниве избори се многу важни, но исто така и лично“.

„Некои луѓе велат, па добро, од почетокот на планетата климата се менувала, и тоа е вистина“, продолжува тој. „Но таа не се менувала толку брзо како сега, и растенијата и животните можеби нема да може доволно брзо да еволуираат. Ја имаме таа нафта, со која можевме да направиме брилијантни работи, но неа ја снемува и тоа е токсична форма на енергија, така што во одреден момент треба да ги смениме енергиите. Треба да ја искористиме таа нафта за да создадеме нова енергетска структура, наместо да се чешламе додека селото гори.“

Слушајќи го Бриџис како филозофира за околината ни се појавува сликата на Д Дуд, неговиот легендарен лик во „Големиот Лебовски“ на браќата Коен. Иако филмот беше пречекан со различни рецензии и просечен успех на киноблагајните по излегувањето во 1998 година, денес се смета за култна класика.

Бриџис вели дека има многу од него самиот во Д Дуд и дека тој не бил многу поинаков во неговите помлади години. Најголем дел од облеката што ја носи во филмот е негова, вклучувајќи ги и оние старомодни маички, дебели плетени џемпери и, се разбира, пластичните сандали.

„Сандалите знам дека ги имам, а џемперот можеби сум го загубил, но... о, не, мојот помошник ме уверува дека сè уште го имам!“, извикува Бриџис, смеејќи се хистерично.

„Отсекогаш за себе сум мислел како за духовен човек. Секогаш сум бил заинтересиран за такви работи“, додава тој. „Со Д Дуд, имаше еден дечко до кој седев на една вечера, тип по име Берни Гласман, тој е зен-мастер. Тој ми рече: 'Знаете, во некои будистички кругови, Д Дуд се смета за зен-мастер'. А јас реков: 'Што збориш бе? Никогаш не зборував за будизмот или за нешто духовно во тој филм'. И тој рече: 'Тоа сè уште е модерен коан. Видете кој го напишал и го режирал? Браќата Коен.' Тој имаше чувство дека низ целиот филм се расфрлани модерни коани.“

Гласман и Бриџис потоа заедно ја напишаа книга, „Д Дуд и зен-мастерот“, која го анализира филмот низ призмата на будизмот.

Сепак, останува едно прашање: Што стварно мисли Бриџис за Иглс?

„Фини се, што се однесува до мене“, вели тој со насмевка.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе