Човек тврди дека е патник низ времето што дошол од 2030 година, „поминал на детектор за лаги“ (ВИДЕО)

Човек што тврди дека е патник низ времето од 2030 година го поминал тестот за детектор на лаги додека кажувал неколку предвидувања за иднината.

Човекот, познат само како „Ное“, инсистира дека мора да остане анонимен и дека неговото лице мора да биде замаглено на фотографиите. Ное, исто така, тврди дека има 50 години, но зел „лекови за подмладување“, па изгледа како 25-годишник. 

Ное претходно кажал некои предвидувања за иднината во интервјуто за јутјуб-каналот Паранормал елит, а друг јутјуб-канал, Апекс ТВ, го подложил Ное на тест со детектор на лаги додека давал голем број од истите предвидувања.

Меѓу нив се и прогнози дека Трамп повторно ќе биде избран за претседател, дека луѓето ќе стигнат до Марс во 2028 година, како и дека ќе се воведат роботи што сами ќе можат да работат по дома. Ное рекол дека вештачката интелигенција ќе биде „нешто огромно“, телефоните ќе станат поголеми и дека уред сличен на Гугл глас ќе ја „преземе работата“ во следната деценија.

Ное вели и дека патувањето низ времето веќе е реалност, но дека се чува во тајност - и ќе биде објавено дури во 2028 година. Исто така, во 2030 година наводно претседател на САД ќе биде некој што се вика Илана Ремике.

Ное тврди и дека има цврсти докази што ги докажуваат сите овие предвидувања, но не можел да ни ги даде поради „парадоксите“.

 


Дали е лажен?

Општ научен консензус е дека патувањето низ времето во минатото не е можно. Но и ако го потиснеме скептицизмот, постојат и други проблеми со овие предвидувања.

За тестовите на полиграф (или „детектор на лаги“) е познато дека е лесно да се измамат, а нивната вредност како инструменти што можат да ја познаат невистината станува сè послаба. Според Американската психолошка асоцијација, „повеќето психолози се согласуваат дека има малку докази дека полиграфите можат точно да ги откриваат лагите“.

Слично на тоа, предвидувањата на Ное всушност се прилично досадни. Епл веќе работи на уред сличен на Гугл глас, побарувачката на потрошувачите се движи кон поголеми телефони, паметните производи за дома стануваат сè повообичаени, а Илон Маск се чини прилично посветен да испрати луѓе на Марс во следните неколку децении. Не мора да си патник низ времето за да даваш вакви предвидувања.

Исто така, малку е сомнително тоа што „Илана Ремике“ не се појавува во ниту едно Гугл-пребарување и во ниедна државна евиденција. За да биде претседател во 2030 година, требало да се роди во САД (правилото граѓанин роден во земјата) во 1993 година за да има 35 (минималната возраст) во 2028 година (најблиската изборна година до 2030 година). Тоа лице сега би било 24-годишно или 25-годишно момче.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе