Авангардната легенда Јајој Кусама го доби својот сопствен музеј во Токио

Петкатната зграда посветена на 88-годишната уметничка привлече огромен интерес пред отворањето, при што посетителите се ограничени на 200 дневно, пренесе Гардијан.

Јајој Кусама ќе распрсне бои во незабележливото предградие на Токио со отворањето на новиот музеј, што и е посветен како на авангарден уметник чија кариера се протега шест децении, со десетици илјади уметнички дела и безброј полка точки.

Музејот на пет ката на Јајој Кусама, лоциран меѓу безличните станбени блокови во западното предградие на јапонскиот главен град, привлече огромен интерес пред неговото јавно отворање во недела.

Глобалното признание за она што многумина веруваат дека е златно доба на Кусама ги принуди сопствениците на музејот да го ограничат бројот на посетители, при што само 50 луѓе ќе бидат примени четири пати на ден по 90 минути.

Би требало да биде доволно време за навлегување во психоделичниот свет на апстрактниот експресионизам на Кусама, од нејзината нова скулптура на тиква на покривот на галеријата, до десетици слики и „бесконечната соба“ исполнета со блескави тикви.

Кусама ги претвори своите опсесии во визуелно впечатливи слики и инсталации од крајот на 1950-тите, кога беше дел од истата уметничка сцена на Њујорк што го продуцираше Енди Ворхол и Џорџија О'Киф најголемото влијание на Кусама.

Но, само во изминативе две децении нејзините дела го привлекоа светското восхитување и ја доби титулата светски омилен уметник во 2014 година, истата година една нејзина слика се продаде за 7,1 милион долари.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе