Амазон гради робот што ќе ве следи по дома

Амазон се надева дека домашниот робот ќе почне да се продава некаде во 2019 година.

Амазон се чини решен уште повеќе да се протне во нашите секојдневни животи, а играта очигледно не завршува со неговите паметни звучници, камери за спални или разни други Ехо-гаџети. Според Блумберг, Амазон работи на робот што може да ве следи по дома. Роботот, со кодно име „Веста“, ќе биде опремен со ХД-камери и софтвер за навигација низ домот.

Големата мистерија во моментов е за што точно Амазон планира да го користи Веста. Можно е роботот да биде само Ехо-звучник на тркала, но тоа изгледа како ограничена опција за еден ваков проект. Изгледа дека роботот може да дејствува како придружник или да извршува одредени задачи.

Постои, се разбира, една веројатна маана со приватноста. Ако Веста има и микрофон и камера (што е многу веројатно, зашто ќе мора да се движи), тој ќе се покаже како доста наметлив гаџет, бидејќи нема едноставно да остане таму каде што ќе го ставите.

Очигледно Амазон не е загрижен. Техничкиот гигант наводно планира да почне со продажбата на овие роботи во 2019 година и очекува во рок од неколку години да процвета повеќемилионски пазар за домашни роботи. Се надеваме дека таму нема да има и Терминатори.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе