Првиот дигитален фустан кој постои само во онлајн верзија, продаден за 9.500 долари

Холандската компанија „The Fabricant" неодамна го продаде првиот дигитален фустан наречен „Iridescene"за 9.500 долари. Овој фустан кој постои само во онлајн верзија го креирале „Dapper Labs" и уметничката Јохана Јасковска.

„Iridescence“ фустанот е креиран со помош на 2Д шаблони кои се користат за конвенционална облека и софтвер за 3Д дизајнирање. Со дополнителни рендери настанало хиперреално парче облека.

Фустанот е продаден на аукција која била одржана на „Ethereal“ самитот во Њујорк и прогласен е за “првото дигитално модно парче“ на светот.

„Глобалните брендови на пазарот од реалниот свет на модата се натпреваруваат за влегување во дигиталниот моден простор за да се поврзат со “Генерацијата З““ - изјавиле претставници од брендот „The Fabricant“.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе