„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во песната проследена со веселата ска-музика, препознатлива за нив.
„Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови кои што ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл „СКАрантин“. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“, изјавија членовите на Суперхикс.
Карантинската аудио обработка е дело на Ненад Трифуновски - Трипе, а карантинската видео обработка ја направи Гоце Лалковски, кој што одлично го доловил моментот дека карантинот може да биде забавен со убава песна заедно со најблиските.