ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА “МОДЕЛС ИН”

Лице на годината четврти пат во Скопје

Модната агенција „Модел ИН“ од Скопје четврти пат го одржа кастингот за Лице на годината. Агенцијата во соработка со белградската агенција Моделс Скаутинг офис, предводени од Јелена Џокиќ и Катарина Весковиќ, ја направија селекцијата на 12-те финалистки за да одберат Лице на годината за Македонија. 

По разговорот со кандидатките, разгледување на фотографиите на девојките, одговорните лица со материјалот се вратија за Белград, каде што заедно со Јелена Ивановиќ ќе одлучат која од девојките треба да биде Лице на годината.

„Јелена е првиот човек на МСО и ја поседува лиценцата за овој престижен избор од каде излегуваат идните светски топ модели.На самиот кастинг и како дел од агенцијата Моделс ИН присуствуваа и минатогодишните претставнички на Македонија -Јована Нешова и Ивана Караџова и воедно направија и мал кастинг за момците.Само да потсетиме на истиот овој избор во доцните 80 ти години ,нашиот топ модел Надица Георгиева победи на ниво на цела Југославија ,за потоа да направи успешна светска кариера.За кратко време и официјално ќе дознаеме кое ќе биде новото лице за Македонија што во Октомври ќе не претставува на светскиот избор во Таормина - Сицилија.Официјален фотограф за целиот настан беше Бојан Стоилковски”, велат од модната агенција “Моделс ИН”. 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе