В НЕДЕЛА НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО

И Македонците ќе го одбележат светскиот Ден на социјалните медиуми

Македонија со ова се вклучува во глобалното одбележување на овој ден. Повеќе од 100 професионалци, ентузијасти и „зависници” на сервиси како Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Пинтерест... ќе се соберат на Велешко Езеро со цел да разменат искуство, да се дружат и да го одбележат денот што четврта година по ред се одбележува низ целиот свет.

Во Македонија настанот го организираат интернет маркетинг-агенцијата Њумедиа МК и блог агрегаторот Блогираме МК.

„Овој ден го одбележуваат низ целиот свет луѓе што активно се занимаваат со социјалните медиуми, но и сите оние што секојдневно гледаат корисни работи во нив“, вели Дарко Булдиоски од Њумедиа. Го одбележуваме денот за да покажеме дека не сме само тастатури и мобилни телефони, дека сме луѓе подготвени да направат нешто повеќе од кликање“, додаде тој.

Официјалниот дел од програмата започнува во 12 часот, а настанот е отворен и може да присуствува секој.

И годинава настанот е поддржан од ЏаБест.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе