Вистинската причина зошто Тирион е вознемирен од сексот на Џон и Дени

Поминаа три дена од велелепното финале на седмата сезона од „Игра на престолите“, а ние сè уште се обидуваме да ги склопиме урнатините и да извлечеме заклучоци од она што го видовме.

Една од многуте сцени за кревање веѓа се случи кога врската меѓу Џон Сноу и Денерис Таргериен конечно триумфираше со многу голотија. И како целата таа инцестоидност да не ги комплицира доволно работите, го видовме и Тирион како презриво ги демне, па нè зачуди: дали тој е најновиот во долгата редица мажи што се вљубиле во Кралицата на змејовите? Или тагува поради фактот дека Џон Сноу, чиј статус на „поинаков“ во Вестерос е нешто што му е заедничко со Тирион, ја преминал линијата од која не може да се врати?

Некои обожаватели веруваат дека моментот треба да е сигнал за почеток на евентуалното предавство на Тирион кон Дени, она што сериозно почна претходно во епизодата, кога тој откри дека неговата сестра Серсеи е бремена. Тирион сѐ уште многу го сака Џејми, а отсекогаш ги сакал своите внуци, а седнувањето на Дени на престолот најверојатно ќе значи смрт за сите Ланистери, и родените и неродените.

Дали Тирион можеби сфатил дека Серсеи блефира? Тоа би можело да објасни зошто тој изгледа толку вознемирен додека го гледа раѓањето романса меѓу двајцата луѓе што му се толку многу драги. Тој знае дека тоа нема да трае. Но според Џереми Подесва, кој ја режираше епизодата, ниту едно од овие сценарија нема никаква тежина. Сето тоа се сведува, вели Подесва, на тоа дека љубовта и војната едноставно се неспоиви.

„Всушност, откако Тирион беше сведок на сето тоа на што беше сведок годинава, тој е многу загрижен поради последиците што може да се случат во иднина“, изјави тој за Машејбл. „Од претходно се знаеше колку е сложен сојузот меѓу сите овие страни, а сега тоа се комплицира и со фактот дека двајца клучни играчи во оваа алијанса влегуваат во поинтимна врска, од кои едниот е лицето на кое тој навистина му го има посветено својот живот во моментов: Денерис.“

Подесва објасни дека Тирион отсекогаш бил „три чекори пред сите“, па има логика тој да предвидува дека оваа нова романса ќе заврши лошо. „Сè додека постои професионален сојуз меѓу Дени и Џон, тоа го посакуваат сите“, рече тој за Њујорк тајмс. „Можеме да замислиме дека тоа е корисен сојуз. Но кога работите стануваат лични, тогаш луѓето донесуваат одлуки врз основа на своите емоции, а тоа може да ги комплицира работите, па мислам дека тој ја гледа можноста работите да станат хаотични“.

За жал, „Игра на престолите“ најверојатно нема да се врати сè до 2019 година, што значи дека сè дотогаш можеме да си ги замислуваме Џон и Дени во тој посткоитален сјај.

Објавено

Четврток, Август 31, 2017 - 12:31

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе