ВО НОВИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ

Вилијам и Хари: Доживотно ќе се каеме за последниот телефонски разговор со мајка ни (ФОТО+ВИДЕО)

Тоа било типичен телефонски разговор помеѓу две момчиња и нивната мајка, која беше на одмор во Франција. Разговорот бил краток - момчињата сакале да се вратат да си играат со братучедите, а не да трошат време на телефонски разговор.

Тоа што овој разговор од 1997 година бил краток ги прогонува принцот Вилијам и принцот Хари до денес - затоа што нивната мајка, принцезата Дајана, таа ноќ ќе загине во сообраќајна несреќа.

„Хари и јас очајно брзавме да прекинеме, знаете, 'се гледаме после'... Да знаев што ќе се случи, немаше да бидам толку рамнодушен кон ова и кон сè друго“, вели Вилијам во новиот документарен филм. „Но доста често мислам на тој телефонски повик“.

Хари им вели на режисерите дека последниот разговор е нешто за што ќе се кае до крајот на својот живот.

„Гледајќи наназад сега, тоа е неверојатно тешко. Ќе морам да се справувам со тоа до крајот на мојот живот“, вели Хари. „Не знаејќи дека тоа е последен пат да зборувам со мајка ми. Многу поинаку ќе се одвиваше разговорот ако имав дури и најмало претчувство дека нејзиниот живот ќе биде одземен таа ноќ.“

Документарниот филм на ИТВ „Дајана, нашата мајка: нејзиниот живот и наследство“ ќе се емитува денеска на британската телевизија. Извадоци од филмот, како и нови семејни фотографии, беа објавени во неделата.

Емисијата е дел од серијата оддавања почит кон Дајана што се очекуваат на 20-годишнина од нејзината смрт на 31 август 1997 година.

Дури минатата година Вилијам и Хари отворено прозборуваа јавно за своите чувства за ненадејната загуба на нивната мајка. Вилијам - втор по ред наследник на британскиот престол по неговиот татко принцот Чарлс - имаше само 15 години во тоа време. Хари имаше само 12 години.

Документарецот ја претставува добротворната работа на Дајана, вклучувајќи го и нејзиниот историски контакт со жртвите на СИДА и нејзината кампања за забрана на мините.

Вилијам и Хари, исто така, ја истакнуваат забавната страна на нивната мајка, за која велат дека јавноста генерално не ја гледала.

„Нашата мајка беше комплетно дете. Кога сите ми велат 'значи била забавна, дај ни пример', сè што можам да слушнам во мојата глава е како таа се смее“, вели Хари.

Вилијам раскажува приказна што го открива привилегираниот живот што го воделе како деца. Еден ден, Дајана го изненадила со тоа што три врвни светски манекенки го чекале кога се вратил дома од училиште.

„Таа организирала кога се вратив дома од училиште на врвот на скалите да ме чекаат Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон и Наоми Кемпбел. Веројатно бев 12- или 13-годишно момче што лепи постери од нив на својот ѕид“, вели Вилијам. „Станав светлоцрвен во лицето и не знаев што да кажам. Се сопнав и мислам дека паднав додека се качував по скалите.“

Вилијам вели дека честопати им раскажува на своите деца, 4-годишниот принц Џорџ и 2-годишната принцеза Шарлот, за Дајана, за таа да може да биде присутна во животот на своите внуци.

„Таа ќе беше прекрасна баба. Таа апсолутно ќе го обожаваше тоа, многу ќе ги сакаше децата“, вели тој.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе