Сузан Сарандон уапсена на протест против Трамп

Американската глумица Сузан Сарандон е уапсена синоќа по протестите против Доналд Трамп, објавија американските медиуми.

За време на протестот, организиран од Центарот за популарна демократија, 71-годишната актерка Сузан Сарандон им се придружи на илјадниците жени што бараат сите мигрантски семејства разделени со политиката на „нулта толеранција“ на Трамп повторно да се обединат.

Протестот кулминирал во моментот кога многу демонстранти се завиткале во фолија, потсетувајќи на сребрените ќебиња што ги носеа децата на мигрантите.

Откако интензивно твитуваше од протестите и ги охрабруваше другите да ѝ се придружат, Сарандон соопшти дека е уапсена.

„Уапсена сум. Останете цврсти. Продолжете да се борите“, напиша глумицата на социјалната мрежа.

Таа е една од 600-те уапсени во Вашингтон во четвртокот, кои извикуваа „Што сакаме ние? Слободни семејства!“ и „Вака изгледа демократијата“, пренесе Гардијан.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе