На Твитер

Стивен Кинг ги подбра и Трамп и Буш

Ако барем еднаш сте го ѕирнале твитер-фидот на Стивен Кинг, знаете дека тој не е најголемиот обожавател на Доналд Трамп.

Кинг досега човекот што во моментов работи како претседател на Соединетите Американски Држави го има наречено „импулсивен, нервозен идиот“, „навистина непријатен човек“ и „бесен којот со лоша фризура“ (меѓу многуте, многу други описи).

Во средата вечер неговиот гнев беше насочен кон дејствата на Трамп додека ураганот Мајкл ја пустошеше Флорида. И да ја истакне својата поента, тој направи споредба со Џорџ Буш.

„Трамп во Пенсилванија си игра со толпата додека Флорида трпи пустош. Како кога Буш леташе над Њу Орлеанс по Катрина и рече дека е добро. Каков лузер.“

Коментарите на Кинг се однесуваат на митингот на Трамп во средата во Пенсилванија.

Споменувањето на Буш, пак, се однесува на времето кога поранешниот претседател леташе над Њу Орлеанс, разрушен од ураганот Катрина, и ја разгледуваше штетата од Ер форс уан, во 2005 година, настан за кој некои тврдат дека предизвикал трајна штета врз неговата репутација.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе