Од „Силата се буди“

Следниот филм на „Ѕвездени војни“ ќе употреби необјавени снимки од Кери Фишер

Кери Фишер сепак нема завршено со „Ѕвездени војни“ - Лукасфилм вели дека необјавени снимки од глумицата ќе бидат искористени во следната епизода од сагата „Ѕвездени војни“ за да се заокружи приказната на нејзиниот лик.

Студиото и сценаристот-режисер Џ.Џ. Абрамс во петокот објавија дека снимки од Фишер направени за „Силата се буди“ во 2015 година ќе бидат искористени во деветтиот филм во серијалот за семејството Скајвокер, чиј член е и ликот на Фишер, Леа.

Снимањето е закажано да почне в среда во лондонското Пајнвуд студио.

Марк Хамил, кој го глуми Лук Скајвокер, исто така ќе се појави во филмот, кој во моментов едноставно се нарекува „Епизода IX“. Предвидено е во киносалите да излезе во декември 2019 година.

Фишер почина во декември 2016 година, откако заврши со снимањето на средната епизода од најновата трилогија, „Последниот џедај“. Директорот Рајан Џонсон одлучи да не ја менува приказната, оставајќи му ја судбината на Леа на Абрамс.

„Страсно ја сакавме Кери Фишер“, се вели во изјавата на Абрамс. „Не можевме да најдеме навистина задоволувачки крај за сагата Скајвокер без неа“.

Тој рече дека не било опција да се бара нова глумица за Леа, ниту пак таа да се создаде со користење компјутерска графика, како што беше направено во филмот „Роуг уан“.

„Со поддршка и благослов од нејзината ќерка, Били, најдовме начин да му оддадеме чест на наследството и улогата на Кери како Леа во епизода IX користејќи невидени снимки што ги снимивме заедно во епизода VII“.

Во петочното соопштение се потврдува и дека Били ди Вилијамс ќе се врати во франшизата како Лендо Калрисиан, херој на бунтовниците, кого досега не го видовме во најновата трилогија.

Во филмот се враќаат и Дејзи Ридли, Оскар Ајсак, Џон Бојега и Кели Мари Тран, кои ги играат хероите на трилогијата.

Адам Драјвер и Домнал Глисон, кои играат негативци во најновите филмови, исто така се враќаат.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе