вторник, 19 март 2024

ТЕЦ Неготино се интегрира во системот на ЕСМ

Согласно изготвената анализа утврдена е оправданост за присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ Скопје со што се овозможува поефикасно и економски поисплатливо искористување на овој производствениот капацитет и негово управување, соопштија од ЕСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Енергетската криза од 2021 година претставува пресуден аргумент за нужноста од интегрирањето на АД ТЕЦ Неготино во рамки на АД ЕСМ Скопје, како од аспект на диверзификација на ризик, така и од аспект на стабилност и континуитет во производството на електрична енергија на државно ниво. Исто така треба да се има  предвид дека двете компании се лиценцирани за производство на електрична енергија, па ваквиот предлог за статусна промена – присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ – Скопје е целосно оправдан и реализиран.

Кога започна енергетската криза, Владата на Република Северна Македонија даде согласност на АД ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза, и заклучно со 2022 година произведени беа 412.692 MВч електична енергија, а заклучно со 31 Декември 2023 година произведе 346.248 MВч.

Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, за време на енергетската криза, АД ЕСМ ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел за потребите на АД МЕПСО, а дел ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата“, велат од ЕСМ.

Од ЕСМ потсетуваат дека термоелектраната Неготино е изградена во 1978 година и работела до 2009 година, откога до 2022 година беше паузирана како „ладна резерва“. Потоа, во условите на енергетската криза беше вклучена само 40 дена.

ТЕЦ Неготино има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ