Што велат критиките за „Ѕвездени патеки: Дискавери“

Вчера на Нетфликс излезе првата епизода на „Ѕвездени патеки: Дискавери“, по што веднаш следуваше и втората. Обожавателите од целиот свет ќе мора да се пријават на Нетфликс (или на Си-би-ес) за да ги следат преостанатите епизоди од првиот нов серијал „Ѕвездени патеки“ по цела деценија. Па вреди ли?

Со актерска екипа предводена од Сонека Мартин-Грин („Живи мртовци“), промената кон континуирани приказни и големиот буџет, дали овој „Ѕвездени патеки“ е достоен на најдобрите стари серијали? Еве што велат рецензентите за првите неколку епизоди:

Во пилот-епизодата се среќаваме со екипажот на Шенжу (не на Дискавери) и неколку фундаменталистички Клингонци

Почнуваме на УСС Шенжу, брод чиј капетан е Филипа Џорџу, Мишел Јео, сочувствителен, трпелив ментор на Мајкл Бернам, ликот на Мартин-Грин. Со лузни од личната трагедија, Бернам е воспитана во културата на Вулкан, како штитеник на совршено одглумениот Сарек на Џејмс Френ, таткото на Спок (ако ви се важни таквите работи, но сосема неважно за сè во серијата досега). Бернам има интересен внатрешен судир меѓу карактерот и воспитувањето, зашто е воспитана да ја вреднува и да ѝ дава приоритет на логиката, но е и страстен истражувач и е жестоко непромислена.

Холивуд рипортер

 

Често го оставаме Шенжу да се дружи со Т'Кувма (Крис Оби), нов клингонски командант што се обидува да ја обедини својата раса против Ѕвездената флота. Тој искажува страсна потреба за самоодржување и својата кампања ја води под мотото „Остани Клингонец“. О, да, тој е националист, ги убедува своите следбеници дека биле жртви на мировниците, прогласувајќи заеднички идентитет врз основа на противењето кон мултикултурализмот. Ако ова ви звучи разумно, веројатно сте гласале за типот што го загубил народниот глас, но третирањето на T'Кувма во „Дискавери“ е легендарно.

Ентертејнмент викли

 

Каде ќе тргне Дискавери одовде може само да претпоставуваме, но првите две епизоди поставија неприкосновен централен лик, ја пуштија во еден свет, а потоа целосно го збришаа тој свет. Овие нови, помрачни „Патеки“ личат на парче од пост-Игра на престолите пејзаж, но останува да се види колку од идеализмот може да преживее во 2017 година.

Индипендент

 

Постојат причини да се надеваме дека Дискавери ќе биде ветувачки додаток на канонот на Ѕвездени патеки. Ако го искористи конфликтот во своето јадро и ако ја прифати двосмисленоста и сложеноста што ѝ е вградена во ДНК-та, Дискавери би можела да им даде на гледачите научнофантастична приказна, водена од ликовите, со дејство во вселената, каква што веќе долго време недостигаше на телевизиската сцена.“

Вараети

 

„...знаците не беа добри... но за наша среќа Дискавери ги поништи тие очекувања и создаде телевизиско парче што му оддава почит на наследството од половина век стара франшиза, но го носи во нови води. Не е совршено, но е многу забавно“.

Радио тајмс

 

„...(Сонека) Мартин-Грин се држи до некој есенцијален идеал на протагонист на 'Ѕвездени патеки'. Да кажеме посветена цврстина... со еквивалентен материјал, Крис Пајн го играше својот Кирк со физичка комичност и нервозна напнатост. Наречете ме старомоден, но повеќе го сакам здравиот професионализам на Бернам“.

Ентертејнмент викли

 

„Моментот кога капетанката Џорџу (Мишел Јео) и првата офицерка Мајкл Бернам (Мартин-Грин) се транспортираат на непријателскиот клингонски брод, со извадени фејзери, подготвени да го спасат уништениот УСС Шенжу, е величествен телевизиски момент - што совршено се вклопува во историјата на Ѕвездени патеки.“

Ескваер

 

Гледачите сигурно ќе ситничарат за сите мајстории за кои авторите верувале дека се неопходни за маневрирање со своите ликови во драматично соодветни позиции, но дури и кога заплетот е шуплив како швајцарско сирење, нивните психологии се цврсти. Ова е светлосни години далеку од совршена серија, но веќе покажува знаци дека е одлична.

Валчр

 

Основната мисија на „Дискавери“ е да ги натера гледачите да ја засакаат Бернам, и тоа им успева. Мартин-Грин е харизматична и тивко жестока во главната улога, а нејзиниот лик е аутсајдер на многу начини, што им дава на писателите на „Дискавери“ многу интересна психолошка територија што може да се истражува. Нејзините професионални врски во сегашноста и нејзините лични врски од минатото најчесто се проблематични и комплицирани, а справувањето на „Дискавери“ со тие аспекти од нејзината приказна може да одреди дали серијата ќе биде масовно гледана или не.

Вараети

 

Бернам не е како ниеден протагонист што досега сме го виделе во „Ѕвездени патеки“, и не само затоа што не командува ѕвезден брод или вселенска станица. Таа е далеку позаокружен, човечки лик од кој било од претходните капетани, со сериозна траума од нападот на Клингонците во нејзината младост, по што станала предиспонирана да ја мрази оваа воинствена раса. И додека „Ѕвездени патеки“ и порано си играа со идејата „главниот лик има демони“, особено со Сиско во Длабока вселена девет, и Пикард во подоцнежните филмови, со Боргите - Бернам е многу понеодолива затоа што не е беспрекорно човечко суштество од други аспекти, какви што беа нејзините претходници во франшизата.

 Верџ

 

Поручникот Сару (Даг Џонс), првиот Келпиец во „Ѕвездени патеки“, е суштество живописно како Спок, Дејта или Ворф, иако поспецифично во своите неврози. Неговата биолошки инкубирана чувствителност кон пристапот на смртта го прави најблиското нешто што Дискавери го има до маскота.

 Валчр

 

На гледачите им се кажува дека овие луѓе со години служат заедно, и тоа се гледа. Нивните односи се многу поприродни и пореалистични од понекогаш помпезните, формални сценарија од минатите серијали.

Верџ


Се етаблира како многу помрачна од повеќето стари „Ѕвездени патеки“, на добар начин

Почетните моменти од епизодата откриваат дека клингонскиот брод (прибежиште на „фундаменталистичките“ Клингонци) имаат НУЛА-интерес за преговори и всушност за нив мотото на Ѕвездената флота („доаѓаме во мир“) е лага, фраза што Федерацијата ја користи за да ги маскира своите експанзионистички и фашистички цели. Дискурсот помеѓу Клингонците и Федерацијата никогаш нема да функционира, бидејќи токму на овој дискурс Клингонците најмногу му се спротивставуваат. Ова ѝ дава на пилот-епизодата длабоко чувство на фатализам, грчка трагедија напишана буквално во ѕвездите, во која благородни ликови преземаат дури поблагородни дејства што се целосно осудени на пропаст.

Колајдер

 

Овие серии отсекогаш покажуваа темелен оптимизам, верба во идеалот дека единството триумфира над поделбите во име на поголемото знаење - верба што е од суштинско значење за да им се овозможи на овие храбри бродови на Ѕвездената флота да истражуваат храбри нови светови. Додека тој оптимизам активно е присутен во „Дискавери“, тој е придружен со силна свест дека овој оптимизам не доаѓа лесно. Тој има цена, понекогаш висока, а ликовите тука понекогаш се во судир околу тоа дали вреди да се плати или не.

 ИндиВаер

 

Ѕвездениот брод повеќе не е безбедно, утописко место. Тој може да биде опасен - место полно со егоа, поделени мислења и предавство. Кругот на доверба, за кој секогаш се подразбираше дека го има на мостот, сега го нема. Сечии мотиви може да се доведат во прашање - особено по пресвртот во првата епизода, по што Бернам станува отпадник од целата Ѕвездена флота. Во еден момент, еден офицер под команда на капетанот Габриел Лорка зборува за својот претпоставен како за „хушкач на војна“. Насекаде лаги и измами - нешто што ја урива идејата за човештво што Роденбери го замисли пред многу години. Ова не е лоша работа, но е помрачно и малку подепресивно од она на што можеби се навикнати треките.

Ескваер

 

Си-би-ес вложи еден тон пари во ова нешто. И парите вредеа. Гледањето како Бернам лета низ вселената кон античката клингонска реликвија со блескава двојна ѕвезда во заднината е нешто што фановите на „Ѕвездени патеки“ секогаш си го замислуваа, но телевизиските продуценти никогаш ја немаа технологијата да го остварат. Телевизиската ЦГИ-технологија и имагинацијата конечно се изедначија во премиерата на Дискавери.

Ескваер

 

Трикот е во тоа што „Ѕвездени патеки: Дискавери“, коментирајќи го денешниот песимистички политички пејзаж, никогаш не запаѓа во очај. Неговите ликови сè уште се стремат кон утописките идеали на минатото на „Ѕвездени патеки“.

 Колајдер

 

Првите две епизоди на „Ѕвездени патеки: Дискавери“ се возбудливи, трогателни и честопати неочекувани. Исто толку важно, и покрај сè што е дискутабилно во дизајнот, серијата сè уште се чувствува како „Ѕвездени патеки“.

 АВ клаб

 

„Ѕвездени патеки: Дискавери“ може да изгледа филозофски далечно од оптимизмот на првичната креација на Џин Роденбери, но серијата го задржува духот на „Оригиналниот серијал“. Неговото внимателно преиспитување и морални дилеми се во рамките на авантуристичките серијали. Одговорот можеби се променил, но прашањето останува исто како и во 1966: како да ја направиме иднината подобра од сегашноста?

Колајдер

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе