Сeмjуел Л. Џексон реагира на миксот од Кавано и „Палп фикшн“ (ВИДЕО)

Семјуел Л. Џексон го цени добриот хумор, но не наоѓа апсолутно никаков хумор во кандидатот на Трамп за Врховниот суд, Брет Кавано.

Во петокот продуцентската куќа „Елара пикчрс“ објави видео од сведочењето на Кавано, споено со неколку од сцените на глумецот во „Евтини приказни“ (Pulp Fiction). Видеото ги обиколи социјалните медиуми и слатко ги насмеа многуте уморни, обесхрабрени луѓе од целиот свет, вклучувајќи го и самиот Џексон.

Откако глумецот го видел миксот со сцени од филмот на Тарантино, решил да ги сподели своите мисли на Твитер за светот да знае дека иако тој мисли дека видеото е смешно, го сфаќа Кавано многу сериозно.

„Убиствено смешно, ама нема ништо смешно во врска со ова лажливо фретбојско магаре!!!“, напиша во петокот Џексон на Твитер до миксот во кој се појавува неговиот лик, Жулс Винфилд, алудирајќи на братствата составени од мажи (фретбој).

Иако е јасно дека актерот не ја поддржува кандидатурата на Кавано, тој подоцна им дообјасни на следбениците дека не ги обвинува сите луѓе во братствата дека се „лажговци и силувачи“.

„Малку пошироко од што треба ја фрлив мрежата“, напиша тој.

Ова не е прв пат Џексон да се вмеша во политиката преку Твитер и никогаш не се срамел јавно да го критикува Доналд Трамп или неговата администрација.

Во петокот гласањето за потврда на Кавано во Сенатот беше одложено за да се почне бараната еднонеделна истрага на ФБИ, која ја дозволи претседателот Трамп.

Додека да се објават наодите од истрагата на ФБИ, барем ги имаме овие снимки на кои Семјуел Л. Џексон се дере „Видете го големиот мозок на Брет?“ да ни го одвлечат вниманието.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе