Зад сцената на Оскарите

Се запознаа Лук Скајвокер и Вондер Вуман (ВИДЕО)

Оскарите во неделата можеби беа малку досадни, но имаше еден момент што без сомнение потресе некои обожаватели.

За време на непријатната, непотребна, премногу долга точка во која водителот на Оскарите Џими Кимел го прекина скринингот на „Пукнатина во времето“ со помош на неколку ѕвезди, Лук Скајвокер и Вондер Вуман споделија срдечен момент на заемна почит.

Под притисок од Кимел, Марк Хамил и Гал Гадо ги напуштија своите удобни седишта за да делат сендвичи и бонбони. Но во тој процес, двете икони успеаја и да се запознаат.

Тоа беше два реда муабет и кратко ракување, но во тој легендарен момент франшизите се судрија на начин што ретко се гледа.

Нормално, фановите полудеа.

 

Објавено

Понеделник, Март 5, 2018 - 12:37

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе