ВО КАНАДА

Се сретнаа Меланија и Хари - таа првпат срдечна, тој првпат студен (ВИДЕО)

Првата дама на САД Меланија Трамп и британскиот принц Хари се сретнаа вчера во Торонто, на отворањето на натпреварот Инвиктус гејмс.

Поводот за средбата беше отворањето на „Инвиктус гејмс“, чиј основач е Хари, а Меланија пристигна со американскиот тим спортисти.

„Ви благодарам. Многу ви благодарам што дојдовте“, му рече Меланија на Хари со широка насмевка, додека тој беше многу воздржан и не се насмеа сè додека не застанаа да се сликаат.

Меланија, која инаку е позната по својот строг и сериозен израз, беше многу срдечна и топла, а принцот, кој е познат по својата срдечност и насмевка, беше многу сериозен и студен.

Ова го забележаа и медиумите, па британскиот таблоид Сан објави напис под наслов „Принцот на сила се смее за фотографија со Меланија Трамп“.

Инвиктус гејмс ќе биде и прва прилика за уште еден настан во животот на Хари. Таму тој првпат ќе се појави јавно со својата девојка Меган Маркл.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе