Сè што знаеме за филмот „Ѕвездени патеки“ на Тарантино и Абрамс

Поглавје 1: Еднаш многу одамна во Бета-квадрантот окупиран од Ромуланците...

„Ѕвездени патеки“ претрпе голем број промени во последната деценија: Џеј Џеј Абрамс ја обнови франшизата со млада, нова актерска екипа и алтернативна временска линија, а оваа година се појави и нова ТВ-серија што ја однесе Ѕвездената флота во храбри, нови правци. Но највозбудливиот пресврт можеби допрва треба да дојде, бидејќи Квентин Тарантино се спрема да прави филм „Ѕвездени патеки“ со Абрамс. Замислете една долга сцена преполна со дијалог во офицерската кантина на Ентерпрајз со вперени фејзери под масата. Или сценарио што содржи најсекакви офицери на еден брод и се раскажува со поинаков редослед. („Поглавје 1: Еднаш многу одамна во Бета-квадрантот окупиран од Ромуланците...“)

Тарантино смислил „одлична идеја“ за филм „Ѕвездени патеки“ во Парамаунт, вели Холивуд репортер. Тој ја споделил идејата со Абрамс, и сега обајцата склопуваат писателска екипа за да почнат да работат на приказната на Тарантино. Ако сè излезе како што треба, Тарантино ќе го режира филмот, а Абрамс ќе му биде продуцент. Иако секогаш си пишува свои оригинални сценарија, Тарантино веќе долго време е заинтересиран да режира некоја голема франшиза и често пати велеше дека сака да работи на филм за Џемс Бонд. Парамаунт му дозволи да прави филм со оценка Р (ако имате под 17 години, го гледате со родител или старател). Сега тој официјално го донесе Марк Л. Смит, кој го напиша „Повратникот“, за да го напише сценариото.

Тарантино, исто така, веќе има некои интригантни идеи за ѕвездите во претстојниот филм. Во интервју за Холивуд репортер Патрик Стјуарт, кој го играше капетанот Жан-Лук Пикард во „Ѕвездени патеки: Наредна генерација“, вели дека сака да влезе во проектот.

„Луѓето секогаш ми велат: ,Ќе бидеш ли пак Жан-Лук Пикард?' Не мислам дека тоа е можно, но има начини на кои може да се оствари нешто такво“, рече тој. „Но еден од моите соништа е да работам со Тарантино, многу им се восхитувам на неговите дела и огромно задоволство би ми било да играм во филм на Тарантино. Па ако тој прави нешто поврзано со 'Ѕвездени патеки' и ако постои можност добриот стар Жан-Лук пак да се појави и тоа да го стори за господинот Тарантино, јас ќе прифатам.“

Пред неколку години Тарантино спомна дека отсекогаш бил позаинтересиран за снимање на филм „Ѕвездени патеки“ отколку „Ѕвездени војни“. „Единственото нешто што ги ограничувало биле нивниот буџет од 60-тите години и осумдневниот распоред за снимање“, рече тој. „Може да земете некои од класичните епизоди на 'Ѕвездени патеки' и лесно да ги проширите на 90 минути, или повеќе, и да направите некои стварно неверојатни, неверојатни работи“.

Тарантино во моментов го прави својот деветти филм за Сони, кој наводно се случува во 1969 година и е фокусиран на машки ТВ-актер што имал една хит-серија и сега бара начин да влезе во филмскиот бизнис. Исто така, поврзано е и со Менсон-убиствата.

Без оглед на тоа што сме против експериментирање со легендарни франшизи, некако примамливо звучи, „Копилиња, ставете ги фрејзерите на убивање“.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе