Сценаријата на Игра на престолите се „самоуништуваат“ откако ќе се сними сцената

Ѕвездата на „Игра на престолите“ Николај Костер-Волдо вели дека поради потребата за тајност околу финалните епизоди на хит-драмата се воведени нови мерки на безбедност, така што сега нивните сценарија се „самоуништуваат“ откако ќе се сними сцената.

Глумецот, кој го игра Џејми Ланистер во серијата на Ејч-би-о и е еден од ретките ликови што преживеаја од првата сезона, вели дека сега тие добиваат само дигитални примероци од сценаријата и не можат да ги задржат откако ќе заврши снимањето.

„Тие се многу строги. Годинава дојдовме на некое лудо ниво“, изјави тој за Елит дејли.

„Ние всушност ги добиваме сценаријата, а потоа кога ќе ја снимиме сцената (а ги имаме само дигитално), па потоа кога ќе ја снимиме сцената, тоа едноставно исчезнува. Како во 'Мисија: Невозможно'. 'Ова ќе самоуништи'.“

Во текот на седумте сезони протекоа многу детали од заплетот, па дури и цели епизоди беа постирани на интернет пред официјалниот датум на емитување, па не е ни чудо што толку многу внимание му посветуваат на безбедносниот аспект за последниве шест епизоди.

Во моментов голем број од глумците, меѓу кои Кит Харингтон (Џон Сноу) и Емилија Кларк (Денерис Таргериен), се во Белфаст и работат на осмата сезона.

Кларк, ѕвездата на „Соло: приказна од Ѕвездени војни“, неодамна кажа што најмногу ќе ѝ недостига од снимањето во Белфаст.

Кралицата на змејовите рече дека ќе ѝ недостига: „Гинис, апсолутно, добриот Гинис“.

Кларк призна дека приближувањето на „Игра на престолите“ кон крајот предизвикува „навистина горчливо-слатко“ чувство, бидејќи таа е во серијата откако беше првпат емитувана во 2011 година.

„Начинот на кој постојано го опишувам ова е исто како да заминувам од дома, затоа што сте возбудени за тоа што ќе направите понатаму, но неверојатно е тажно што напуштате сè што сте доживеале“, изјави таа за РТЕ ентертејнмент.

„Дефинитивно ќе биде многу сентиментално.“

„Игра на престолите“ ќе се врати во 2019 година.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе