Саша Барон Коен ќе им ги плати казните на петте Чеси уапсени во Казахстан со „менкини“

Саша Барон Коен понуди да ја плати казната откако 6 чешки туристи се уапсени во Казахстан носејќи „менкини“, костим за капење инспириран од ликот на Борат.

Ако направите кривично дело, мора да платите казна. Освен ако не сте страстен обожавател на Борат и до толку го одушевите глумецот што го игра, па тој ви ја плати казната.

Таква е судбината на шесте чешки туристи што месецов беа уапсени затоа што шетале низ главниот град на Казахстан, Астана, и се сликале облечени во штурите костими за капење познати како „менкини“, кои ги прослави Борат, едно од алтер-егата на Барон Коен.

Во понеделникот глумецот се појави на социјалните медиуми за да ја покаже својата благодарност (или вина?) за нивната „точка“.

„До моите чешки другарчиња што беа уапсени. Испратете ми ги вашите податоци и доказ дека сте биле вие, и јас ќе ја платам вашата парична казна“, објави тој на Фејсбук.

Според Би-би-си, локалните медиуми забележуваат дека паричната казна за секоја „непристојна“ појава во менкини изнесува 67 долари.

Имејлот што го даде Барон Коен (arrestedforwearingyourmankini@gmail.com) се чини дека е функционален.

Реакциите на казахстанските корисници на социјалните медиуми на инцидентот беа мешани.

„Тие (Чесите) требаше да бидат затворени една година, па после сите ќе извлечеа лекција од ова!!!“, рече корисникот на Фејсбук Булат Сапаргалиевич.

„Каде се мажите од Астана? Овој човек (Барон Коен) треба да биде уапсен, да му ги врзат рацете и нозете, па да го влечат по улица!“, додаде Бек Жантурин.

Други беа попозитивни.

„Браво, Саша Барон Коен! Тој сам прави повеќе од целиот наш тим за односи со јавноста за промоција на казахстанскиот бренд“, рече казахстанскиот блогер Аскар Јапаров.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе