НАЈАВЕН ГОЛЕМ ТВ-ХИТ

Русија прави своја „Игра на престолите“ - за животот на царското семејство Романови

Историјата на семејството Романови, царската династија што ја владеела Русија повеќе од 300 години, ќе стане телевизиска серија. „Добата на просперитет“ ќе биде рускиот одговор на ултрапопуларната американска драма „Игра на престолите“.

Секоја сезона на „Добата на просперитет“ ќе се состои од 12 епизоди. Московската „Руска филмска група“ планира првата од 12-те сезони да ја пушти во почетокот на 2018 година.

„Проектот 'Добата на просперитет' може да се нарече сличен на 'Игра на престолите'. Ние го проучувавме бизнис-моделот на американската ТВ-серија и разговаравме со нејзините творци. Исто како и во американската серија, и ние ќе работиме со неколку режисери, од кои секој ќе биде одговорен за своето 'сопствено' семејство, своите 'сопствени' ликови“, изјави Алексеј Петрухин, шеф на Руската филмска група, за новинската агенција Росија сегодња.

Првата епизода ќе се случува во т.н. време на неволи - 15-те драматични години во руската историја од 1598 до 1613. Земјата тогаш била погодена од глад, поради што починала една третина од населението помеѓу 1601-1603, а била соочена и со полско-руската војна.

„Добата на просперитет“ ќе заврши со масакрот врз последниот цар на Русија, Николај Втори, неговата сопруга и петте деца, меѓу кои и неговиот единствен син и наследник, Алексеј - сите убиени од болшевиците во 1918 година, по револуцијата во 1917. Нивните тела биле фрлени во рударско окно, а потоа брзо погребени некаде во близина на Екатеринбург во Урал.

Речиси еден век никој не знаеше каде точно било погребено царското семејство. Сепак, во 1991 година останките на Николај Втори, неговата сопруга и три од нивните ќерки беа откриени во масовна гробница во близина на Екатеринбург. Две години подоцна, во 1993 година, истражувачите отворија случај за убиството на семејството Романови за да ги идентификуваат останките за кои се сметаше дека се на царското семејство и нивната свита.

Случајот беше затворен во 1998 година „поради смртта на сторителите на злосторството“. Тој беше повторно отворен во 2007 година, кога се појавија нови докази - беа откриени останките на другите две деца на Николај Втори - неговата ќерка Марија и неговиот единствен син Алексеј, кој бил болен од хемофилија.

Останките на последниот руски цар и неговата сопруга беа ексхумирани во септември минатата година.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе