Роберт де Ниро: Некогаш инспиративната Америка сега е трагична глупава комедија

Роберт де Ниро ги предупреди новите дипломци дека кажано со филмски термини: „Америка некогаш беше 'инспиративна возвишена драма', но сега се претвори во 'трагична глупава комедија'.“

Двократниот оскаровец во неделата разговараше со дипломираните студенти на Универзитетот Браун и ги повика да „работат за да го спречат лудилото“ и да се стремат да го направат светот подобар.

Де Ниро стана почесен доктор по фини уметности.

73-годишниот глумец зборуваше против „кошмарната“ политичка клима на денешницата и го нарече претседателот Трамп „идиот“.

Ова не е првпат Де Ниро да го критикува Трамп. Тој му се нафрли на претседателот во видео објавено во октомври, велејќи: „(Трамп е) незрел идиот, тој е куче, тој е свиња, тој е измамник, булшит артист, џукела што не знае што зборува.“

Еден месец пред претседателските избори во 2016 година, тој рече дека сака „да го удри (Трамп) по лице“.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе