Сопругата на Даниел Крег

Рејчел Вајс: НЕ за женски Џемс Бонд, направете си своја сопствена приказна

Сопругата на Џемс Бонд-ѕвездата Даниел Крег, Рејчел Вајс, вели дека 007 и понатаму треба да го играат мажи.

Во 2019 година ќе излезе петтиот и последен филм со Крег како Џемс Бонд и ќе почне потрагата по следниот 007.

А откако се појавија предлози жена да го игра шпионот на Иан Флеминг, голем број славни личности поврзани со франшизата Бонд ја критикуваа идејата.

Најнова е Рејчел Вајс, сопругата на актуелниот Бонд, на која не ѝ се допаѓа идејата за женски 007.

Говорејќи за Дејли телеграф, оваа 47-годишна глумица вели дека Иан Флеминг го создал својот лик на специфичен начин, а дел од неговите карактеристики е што е маж.

„(Флеминг) посветил многу време за пишување на овој конкретен лик, кој е изразено машки и се однесува на одреден начин кон жените. Зошто да не си создадете своја сопствена приказна, наместо да скокате на туѓи раменици и да ве споредуваат со сите машки претходници? Жените се навистина фасцинантни и интересни и треба да добијат свои сопствени приказни“, вели Вајс.

Против женски Џемс Бонд се и поранешната М, односно Џуди Денч, и Кристоф Валц, кој го играше Блофелд во „Спектре“.

Обајцата глумци од Бонд-филмови рекоа дека Бонд треба да продолжи да го игра маж.

25-тиот Џејмс Бонд ќе излезе во кината во ноември 2019 година.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе