Раперот Икс Икс Икс Тентејшн убиен на Флорида (ВИДЕО)

Еден од предводниците на новиот бран рап-музика во САД и светот Џасеј Двејн Онфрој, познат под псевдонимот Икс Икс Икс Тентејшн, е убиен на Флорида.

Како што објавија светските медиуми, тој бил застрелан во понеделникот во местото Дирфилд Бич, откако посетил продавница за опрема за мотоцикли.

Веројатно станува збор за грабеж, а во убиството на 20-годишникот учествувале двајца напаѓачи, кои од местото на настанот избегале во темен пикап-камион.

Сведоците ѝ рекле на полицијата дека еден од напаѓачите ја зел неговата патна торба од совозачкото седиште.

Онфрој стапи на музичката сцена пред пет години, а пошироката јавност за него дозна по експанзијата на таканаречениот саундклауд рап, именуван по сервисот за пласирање музика.

Дебитираше со соло-албум во 2017 година, а неодамна објави уште еден проект, кој веќе во првата недела стигна на првото место на листата на Билборд.

Раперот од Флорида беше познат по својата бруталност и го славеше насилството со песна; добивајќи база на обожаватели на кои не им беше гајле за неговите злочини, напиша Гардијан.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе