Првиот трејлер за „Мрачната кула“ е тука и изгледа страшно добро (ВИДЕО)

„Не можете да го запрете она што доаѓа.“

Метју Меконахи е во право. По долгогодишни гласини, ќор-сокаци и пусти надежи, првата филмска адаптација на „Мрачната кула“ конечно доаѓа во киносалите - а сега имаме и 3-минутен трејлер.

Во трејлерот Џејк Чемберс (Том Тејлор) открива портал кон друг свет, каде што буквално се затекнува среде борба за спас од колапс на целиот универзум - кој се одржува од една мистериозна структура позната како Мрачна кула.

Идрис Елба го игра револверашот Роланд Дишејн, Метју Меконахи е неговиот смртен непријател Човекот Во Црно, и целата работа изгледа многу возбудливо.

Ќе видиме на 4 август, кога „Мрачната кула“ ќе дојде во киносалите.

Објавено

Среда, Мај 3, 2017 - 12:14

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе