Првиот трејлер на „Капетан Марвел“, наредниот голем филм на Марвел

Излезе првиот трејлер за следното продолжение на Марвеловиот кинематографски универзум.

Овој филм е нетрпеливо очекуван по крајот на „Одмаздници: бесконечна војна“. Во последната сцена на „Одмаздници“ го видовме Ник Фјури како испраќа порака преку пејџер пред да се претвори во прашина. Пред да заврши сцената му ѕирнавме и во екранот, на кој беше логото на Капетан Марвел. Очигледно Капетан Марвел ќе игра голема улога во следниот филм „Одмаздници“.

Месецов првпат ја видовме и Керол Денверс (Бри Ларсон) во нејзиниот костим.

Во филмот Денверс веќе ги има своите моќи и заминува од Земјата за да му се придружи на тим познат како Старфорс, кој е предводен од ликот на Џуд Ло. Во филмот, чие дејство е сместено во 1990-тите, ќе се појави и помладиот Ник Фјури (Семјуел Л. Џексон) и агентот Кулсон (Кларк Грег), а Денверс ќе ја видиме и како пилот на американските воздухопловни сили.

„Капетан Марвел“ ќе излезе во киносалите на 8 март 2019 година.

Објавено

Среда, Септември 19, 2018 - 09:25

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе