Првата фотографија од „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино

Филмовите на Квентин Тарантино отсекогаш содржеле импресивна листа на глумци, а најновиот не е исклучок од правилото.

Филмот на Квентин Тарантино преполн со ѕвезди „Беше еднаш во Холивуд“ нема да се појави во киносалите сè до 9 август следната година, но веќе почнуваме да гледаме дел од сјајот и гламурот на снимањето.

Утрово Леонардо ди Каприо сподели една убава фотографија од себе и Бред Пит (тие ги играат Рик Далтон и Клиф Бут). Тоа е само една единствена фотка, но возбудливо е повторно да ги видиме заедно двајцата титани.

First look. #OnceUponATimeInHollywood

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio) on

Тарантино, пак, ги нарече Ди Каприо и Пит „највозбудливата ѕвездена динамика од Пол Њуман и Роберт Редфорд наваму“.

Како што претходно беше објавено, дејството на филмот се случува во Холивуд во 1969 година за време на зенитот на хипи-културата и убиствата на семејството Мансон и го следи телевизискиот актер (Ди Каприо) и неговиот дублер (Пит), додека се обидуваат да станат познати во екот на хаосот.

Марго Роби се појавува како Шерон Тејт, Дамијан Луис како Стив Мекквин, Ал Пачино како агентот на Далтон, Марвин Шварц, Дакота Фенинг како следбеничката на Менсон Линет „Сквики“ Фром, Емил Хирш како пријателот на Тејт, Џеј Себринг, и листата продолжува.

Всушност, еве ги сите други ѕвезди за кои е потврдено дека играат во филмот: Курт Расел, Мајкл Мадсен, Тим Рот, Џејмс Марсден, Клифтон Колинс Џуниор, Тимоти Олифант, Скут Мекнеири, Берт Рејнолдс, Лук Пери, Зое Бел, Кит Џеферсон, Николас Хамонд и Џулија Батерс.

Ова е деветти филм на режисерот. Во 2016 тој рече дека ќе се пензионира од режирањето откако ќе го сними десеттиот филм, така што е можно овој да му е претпоследен.

Неодамна беше објавено дека тој го пишува новиот филм „Ѕвездени патеки“. Минатиот месец беше потврдено дека Парамаунт подготвува повеќе филмови „Ѕвездени патеки“, но не се знае дали овој на Тарантино е еден од нив.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе