Принцот Вилијам ќе биде крал!

Британскиот престолонаследник, на кого неделава со сопругата Кејт Мидлтон му се роди првото дете, синот Џорџ Александер Луис, дознал дека неговата стара баба, британската кралица Елизабета Втора, решила да го прескокне неговиот татко Чарлс и да го именува за следен крал на Велика Британија, со строго доверлив декрет, тврди американското списание Глоуб.

Во најновото издание Глоуб открива нов шокантен скандал поврзан со Чарлс кој бил причината за кралица да го одмине кога конечно ќе реши да се повлече, и дека Вилијам ќе биде следниот што ќе седне на престолот.

Во меѓувреме, британските медиуми јавуваат дека Кејт и Вилијам не ги избрале имињата на своето новороденче поради симболика.

„Не ги анализирајте премногу имињата на новиот член на британското кралско семејство“, пишува неделникот Ју-ес викли.

Голем број медиуми веднаш почнаа имињата на бебето да ги поврзуваат со кралевите од минатото кои ги носеле имињата Џорџ, Александер и Луис.

„Тие немаат никаква симболика, едноставно им се допаѓаат на Кејт и Вилијам“, изјавил извор близок до кралската двојка.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе