Објавени номинациите

„Последниот џедај“ доби 4 номинации за Оскар

„Ѕвездени војни“ е машина. А најдобрите луѓе во индустријата работат на сите аспекти на овие филмови, сега контролирани од Дизни. 

Затоа, не е некој голем шок што „Последниот џедај“ денеска беше номиниран за неколку Оскари. Некои веруваа дека осмото продолжение на „Ѕвездени војни“ во сагата за Скајвокери дури би можело да биде номинирано за најдобар филм, Рајан Џонсон за најдобар режисер, а Марк Хамил за најдобар спореден глумец. Тоа не се случи.

Филмот доби четири номинации; за најдобра монтажа на звук, најдобар микс на звук, најдобра оригинална музика и најдобри визуелни ефекти.

Џон Вилијамс е вториот најноминиран поединец во историјата на Оскарите, а „Последниот џедај“ ја одбележува неговата 51-ва номинација. Сепак, од тие 51 номинација, тој зеде „само“ 5 златни статуи. Можеби најновиот филм на „Ѕвездени војни“ ќе му донесе шеста победа.

Што се однесува на бројот на номинациите, „Обликот на водата“ доби дури 13, што е само една помалку од рекордот („Титаник“, „Сè за Ева“ и „Ла ла ленд“ имаа по 14). „Три билборди пред Ебинг во Мисури“ доби девет, а „Данкирк“ осум. Сите три филма добија номинации и за најдобар филм. Покрај нив, во најпрестижната категорија ќе се натпреваруваат и: „Повикај ме со твоето име“, „Најмрачниот час“, „Бегај оттука“, „Леди Бирд“, „Фантомска нишка“ и „Пост“.

8.400 члена на Американската академија за филмска уметност имаа право на глас да номинираат филмови во 24 категории. Еве ја листата на сите номинации.

 

Најдобар филм:

Повикај ме со твоето име

Најмрачниот час

Данкирк

Бегај оттука

Леди Бирд

Фантомска нишка

Пост

Обликот на водата

Три билборди пред Ебинг во Мисури

 

Најдобар режисер:

Кристофер Нолан, Данкирк

Џордан Пил, Бегај оттука

Грета Гервиг, Леди Бирд

Пол Томас Андерсон, Фантомска нишка

Гиљермо дел Торо, Обликот на водата

 

Најдобра глумица:

Сали Хокинс, Обликот на водата

Френсис Мекдорманд, Три билборди пред Ебинг во Мисури

Марго Роби, Јас, Тоња

Саорис Ронан, Леди Бирд

Мерил Стрип, Пост

 

Најдобар глумец:

Тимоти Шаламе, Повикај ме со твоето име

Даниел Деј-Луис, Фантомска нишка

Даниел Калуја, Бегај оттука

Гери Олдман, Најмрачниот час

Дензел Вoшингтон, Роман Џ. Израел, г-дин

 

Најдобро оригинално сценарио:

Љубов-болест (The Big Sick)

Бегај оттука

Леди Бирд

Обликот на водата

Три билборди пред Ебинг во Мисури

 

Најдобро адаптирано сценарио:

Повикај ме со твоето име

Катастрофа уметник

Логан

Големата игра

Мадбаунд

 

Најдобра глумица во споредна улога:

Мари Џеј Блајџ, Мадбаунд

Алисон Џени, Јас, Тоња

Лесли Менвил, Фантомска нишка

Лори Меткалф, Леди Бирд

Октавија Спенсер, Обликот на водата

 

Најдобар глумец во споредна улога:

Вилијам Дефо, Проект Флорида

Вуди Харелсон, Три билборди пред Ебинг во Мисури

Ричард Џенкинс, Обликот на водата

Кристофер Пламер, Сите пари во светот

Сем Роквел, Три билборди пред Ебинг во Мисури

 

Најдобра монтажа:

Возач

Данкирк

Јас, Тоња

Обликот на водата

Три билборди пред Ебинг во Мисури

 

Најдобар странски филм:

Фантастична жена

Навредата

Нељубов

За телото и душата

Плоштадот

 

Најдобар анимиран филм:

Бебето-шеф

Хранителката

Коко

Фердинанд

Нежниот Винсент

 

Најдобар документарец:

Абакус: доволно мал за затвор

Лица места

Икар

Последниот маж во Алепо

Силен остров

 

Најдобар дизајн на продукција:

Убавицата и ѕверот

Блејд ранер 2049

Најмрачниот час

Данкирк

Обликот на водата

 

Најдобра фотографија:

Блејд ранер 2049

Најмрачниот час

Данкирк

Мадбаунд

Обликот на водата

 

Најдобар костум:

Убавицата и ѕверот

Најмрачниот час

Фантомска нишка

Обликот на водата

Викторија и Абдул

 

Најдобра монтажа на звук:

Возач

Блејд ранер 2049

Данкирк

Обликот на водата

Ѕвездени војни: Последниот џедај

 

Најдобар микс на звук:

Возач

Блејд ранер 2049

Данкирк

Обликот на водата

Ѕвездени војни: Последниот џедај

 

Најдобар краток анимиран филм:

Драга кошарко

Забава во двор

Му

Негативен простор

Револтирачки рими

 

Најдобар краток филм:

Декалб елементари

Единаесет часот

Мојот внук Емет

Тивкото дете

Вату Вате/Сите ние

 

Најдобра оригинална музика:

Данкирк

Фантомска нишка

Обликот на водата

Ѕвездени војни: Последниот џедај

Три билборди пред Ебинг во Мисури

 

Најдобри визуелни ефекти:

Блејд ранер 2049

Чувари на галаксијата, том 2

Конг: Остров на черепот

Ѕвездени војни: Последниот џедај

Планетата на мајмуните - војна

 

Најдобра шминка и фризура:

Најмрачниот час

Викторија и Абдул

Вондер

 

Најдобар краток документарен филм:

Едит и Еди

Рајот е сообраќаен метеж на 405

Хероин(а)

Вештина со ножеви

Трафик стоп

 

Најдобра песна:

„Mighty River“, Мадбаунд

„Mistery of Love“, Повикај ме со твоето име

„Remember Me“, Коко

„Stand up for Something“, Маршал

„This Is Me“, Најголемиот шоумен

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе