Почна снимањето на филмот за Хан Соло (ФОТО)

„Лукасфилм“ утрово објави слика од снимањето на филмот за Хан Соло, кој сè уште е без наслов, а во кој игра Олден Ејренрајк, кој официјално почна да се снима вчера. Филмот треба да излезе во киносалите на 25 мај 2018 година, според Лукасфилм.

Оваа подружница на Дизни потврди и голем број работи што вие веројатно веќе ги претпоставувате:

Чубака ќе игра во филмот (ќе го глуми џинот-кошаркар Јонас Суотамо, а не веќе стариот Питер Мејхју; Суотамо веќе се појави во некои сцени од „Силата се буди“). Во акција се враќа и Милениумскиот сокол, со или без неколку посебни модификации.

Филмот ќе се фокусира на авантурите на Хан и Чуи пред дејството во првиот филм на „Ѕвездени војни“ од 1977 година, вклучувајќи ги и „првите средби“ со Ландо Калрисиан (Доналд Гловер). Ова е вториот приквел на „Ѕвездени војни“ откако Дизни го купи Лукасфилм (првиот е „Одметник еден“ од 2016).

Сега е потврдено и за Фиби Волер-Бриџ, британскиот актер десно од Вуди Харелсон, за кој се шпекулира дека ќе игра ЦГИ-лик во стилот на К-2СО на Алан Тадик од „Одметник еден“.

Тенди Њутон, најпозната како робот-домаќин од „Вестворлд“, исто така е потврдено дека ќе глуми, иако очигледно немало место во кабината за неа.

Малку се знае за улогата на Емилија Кларк (во средината), иако младиот никаквец се чини дека секогаш има потреба од љубов. Вуди Харелсон рече дека ќе игра ментор од пропаднатото подземје на галактичкиот шверц.

Сценариото го напишаа таткото и синот Лоренс и Џон Касдан, што значи дека може да се очекува темпераментниот дијалог од „Империјата го возвраќа ударот“.

Датумот 25 мај 2018 година всушност е отворено прашање. Другата подружница на Дизни, Марвел, треба да го пушти својот трет дел од блокбастерот „Одмаздници“ на 4 мај. И „Силата се буди“ и „Последниот џедај“ беа преместени во декември од првичните датуми во мај.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе