На 86 години

Почина оскаровецот Милош Форман

Милош Форман, филмски режисер роден во Чешка, кој стекна слава во Холивуд со оскаровските класики „Лет над кукавичиното гнездо“ и „Амадеус“, почина на 86-годишна возраст, објави во четвртокот чешката новинска агенција ЦТК.

Форман починал вчера во Соединетите Држави по кратка болест, соопшти неговата сопруга Марина.

„Неговото заминување беше мирно и цело време беше опкружен од неговото семејство и неговите најблиски пријатели“, рече таа.

Форман е роден во чешкиот град Часлав на 18 февруари 1932 година, но се преселил во САД по задушувањето на „Прашката пролет“ во 1968 година. Тој стана државјанин на САД во 1970-тите.

„Лет над кукавичиното гнездо“, во кој една психијатриска институција станува микрокосмос на современиот свет, и „Амадеус“, животот на композиторот од 18 век Волфганг Амадеус Моцарт преку очите на неговиот ривал Антонио Салиери, добија вкупно 13 Оскари, меѓу кои и за најдобар режисер.

Меѓу неговите други значајни дела се рок-мјузиклот „Коса“ во 1979 година, „Регтајм“ во 1981 и „Народот против Лари Флинт“ во 1996 година, кој беше номиниран за Оскар таа година.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе