Оперската икона

Почина Монсерат Кабаље

Еден од најпознатите оперски сопрани во историјата, Монсерат Кабаље, почина во нејзиниот роден град Барселона, објавија шпанските медиуми, цитирајќи ја болницата каде што била последен пат лечена.

85-годишната дива, наводно, била во болницата Сант Пау од крајот на минатиот месец, каде што била лечена од хронична болест на жолчното кесе.

Цитирајќи болнички извори, медиумите објавија дека нејзиниот погреб е закажан за в понеделник.

Кабаље ѝ стана позната на пошироката јавност по песната што ја испеа заедно со пејачот на Квин, Фреди Меркјури, која беше употребена на Олимписките игри во 1992 во Барселона.

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе