Почина Малколм Јанг, коосновачот на Еј-си-ди-си

Австралискиот музичар Малколм Јанг, еден од основачите на Еј-си-ди-си со неговиот брат Ангус, почина денеска на 65-годишна возраст, соопшти бендот на својата фејсбук-страница и му оддаде почит на Јанг како „движечка сила“.

Јанг, кој страдаше од деменција во последниве години, починал опкружен со своето семејство.

Малколм и неговиот брат Ангус ја основаа групата уште во 1973 година во Сиднеј и во таа постава издржаа цели 41 година, по што Малколм поради својата здравствена состојба напушти бендот - му беше дијагностицирана деменција и едноставно веќе не можеше да продолжи - болеста толку напредна што тој веќе не се сеќаваше на песните.

„Со таа огромна посветеност беше движечката сила на бендот. Како гитарист, текстописец и визионер, беше перфекционист и едноставно уникатна личност. Секогаш се држеше до своите принципи и го зборуваше токму она што сакаше. На неговата лојалност кон фановите ѝ немаше рамна. Како негов брат, тешко ми е со зборови да изразам што сè тој ми претставуваше во животот, нашиот однос беше уникатен и посебен. Зад себе остави големо наследство, кое ќе живее вечно. Малколм, одлично завршена работа!“, напиша Ангус.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе