Кралицата на соулот

Почина Арета Френклин

Арета Френклин, „кралицата на соулот“, која стана првата жена примена во Халата на славните на рокенролот, почина во Детроит на 76-годишна возраст.

На легендарната пејачка во 2010 година ѝ беше дијагностициран рак и минатата година објави дека се повлекува од музиката.

Позната по хитовите како „Respect“ и „Think“, таа имаше повеќе од 20 број 1 хитови на американската топ-листа во кариерата што траеше седум децении.

Последниот настап го имаше минатиот ноември, на гала во Њујорк, одржана во знак на поддршка на фондацијата „Елтон Џон еидс“.

Родена во Мемфис како дете на евангелистичка пејачка/пијанистка и прославен баптистички проповедник, Френклин имаше импресивно моќен глас.

Сер Елтон Џон на Инстаграм напиша: „Загубата на Арета Френклин е удар за сите што ја сакаат вистинската музика. Музика од срцето, душата и црквата. Нејзиниот глас беше уникатен, нејзиното свирење пијано потценето... Ја обожавав неа и му се поклонував на нејзиниот талент. Бог нека ја благослови. Моето сочувство до сите нејзини роднини и пријатели.“

Ени Ленокс рече: „Таа владееше неприкосновено и секогаш ќе биде меѓу највисоките ѕвезди на небото како најистакнатиот вокалист, изведувач и снимател што светот некогаш бил привилегиран да го има.

Суперлативите често се користат за да ги опишат неверојатните уметници, но според мене, дури и суперлативите сега се чинат недоволни.“

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе