Платена да го промовира Лореал, Хелен Мирен го направи спротивното

Таа нафрли дека хидратантните кремови веројатно се бескорисни, но дека во секој случај ги користи.

Хелен Мирен е позната по нејзината искреност и директност, и уште еднаш ги истакна тие свои особини (можеби малку несреќно) - на панелот на Лореал на кој неодамна присуствуваше во Кан, Франција.

72-годишната актерка е амбасадорка на брендот на оваа компанија за нега на кожата, и го кажа ова: „Јас сум вечен оптимист - знам дека кога ќе го ставам мојот хидратантен крем, најверојатно за ништо не го бива (it probably does fuck all), но ме прави да се чувствувам подобро. Секогаш и на Лореал им велам дека ќе го правам само она што ме прави да се чувствувам подобро“.

Засега нема ниту збор од Лореал за тоа дали се вознемирени од нејзиниот коментар, но Би-би-си почнало да истражува дали хидратантните кремови навистина не ги бива за ништо. Нивниот заклучок: таа греши, ако претпоставиме дека имате сува кожа. Хидратантниот крем ја навлажнува кожата и ја држи влажна, објаснуваат тие.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе