„Ова ви е карма!“ Џенифер Анистон за разводот на Пит и Џоли

Пред 11 години Бред ја остави Џенифер за Анџелина.

Тој ја остави за Анџелина Џоли во 2005 година.

Сега пријателите велат дека Џенифер Анистон најавениот развод на Бред Пит и неговата втора сопруга го гледа како „карма“ за она што се случило пред 11 години.

Џенифер Анистон нема никакви лоши чувства кон својот поранешен сопруг Бред Пит, но не може да се каже дека не се чувствува нималку задоволно поради веста дека Пит и Анџелина Џоли се разведуваат, велат извори за Ју Ес викли. Изворите на сајтот велат дека ѕвездата од „Пријатели“, која беше мажена со Бред Пит пред тој да ја остави за Џоли, во пропаѓањето на нивниот брак гледа „нешто како карма“.

Според еден инсајдер, Анистон, 47, рекла: „Аха, е ова ви е карма!“, додека разговарала за веста со еден свој долгогодишен другар.

„Таа отсекогаш имаше впечаток дека на крај нешто ќе се случи со нив“, рекол инсајдерот и истакнал дека таа верува дека Пит навистина ја сакал Џоли. „Џенифер нема чувство дека Анџелина е навистина онаа со која Бред треба да остане. Таа отсекогаш мислеше дека Анџелина Џоли е премногу комплексна за него. Тој е прилично едноставен тип.“ 

Друг извор за Ју Ес викли рекол дека иако Анистон „евидентно чувствува некаков вид задоволство поради разводот на Бред и Анџелина“, таа „никогаш не им го посакувала тоа“.

„Џен навистина му посакува сè најдобро на Бред. Таа се чувствува среќно и сака и тој да биде среќен“, објаснува вториот инсајдер. „Џен не е злопамтило во однос на нејзиниот брак со Бред.“

Анистон го преболе Пит и во август 2015 година се омажи со Џастин Теру, 10 години по разделбата со бившиот сопруг. 

Првпат за сопствениот развод од Пит Џенифер зборуваше во интервју во септември 2005 година за Венити фер.

„Дали сум осамена? Да. Дали сум вознемирена? Да. Дали сум збунета? Да. Дали имам денови кога по малку си се самосожалувам? Апсолутно. Но исто така навистина добро напредувам“, рече тогаш Џенифер.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе