Ѕвездата оди на лекување

Осум вработени на „Куќа од карти“ го пријавија Кевин Спејси за сексуално вознемирување

Кевин Спејси го претворил снимањето на „Куќа од карти“ во „токсична“ работна средина преку постојано сексуално вознемирување, рекле за Си-ен-ен осум лица што во моментов работат или работеле на серијата. 

Кевин Спејси е обвинет за сексуално злоупотребување од страна на неколку мажи што работеле на серијата „Куќа од карти“ на Нетфликс.

Неименуван асистент на продукција за Си-ен-ен рекол дека за време на првите епизоди од серијата Спејси сексуално го нападнал и му ја вовлекол раката во панталони. Асистентот го опишал однесувањето на Спејси како „предаторско“, а целта обично му биле млади и машки продукциски работници.

„Се возевме назад базата на серијата и бевме можеби неколку минути од целта, кога тој ја тргна раката од воланот и ми ја вовлече во панталоните. Бев шокиран, му ја тргнав раката, но потоа морав да му помагам да ги однесе работите до својата приколка“, рече асистентот.

„Ме притисна во ќош и почна неприкладно да ме допира. Не ме пушташе да излезам. Му реков 'ова не ми е океј, не се чувствувам пријатно'. Потоа стана видно вознемирен, истрча назад кон својот автомобил и тој ден не се врати на снимање“, рече тој.

„Инцидентот не го пријавив во полиција, но му кажав на еден од моите претпоставени. Сè што добив беше тоа што го сменија распоредот за снимање за ние двајца никогаш веќе да не се најдеме сами“, рече тој.

Овој асистент е еден од седумте члена на екипата на серијата што велат дека поради Спејси снимањето било „неподносливо, во токсична атмосфера“.

„Сите членови на екипата знаеја и сите коментираа за неговото однесување, но никој не направи ништо. Она што мене најмногу ме повреди беше фактот дека сите пред снимањето требаше да потпишеме договори дека нема да се однесуваме несоодветно, а тој очигледно ниту потпишал нешто, ниту се придржуваше до правилата. Кој нам би ни верувал? Ние бевме само асистенти и можевме само да добиеме отказ“, рече друг член на тимот, кој работел како асистент на камера, кој бил сведок на однесувањето на ѕвездата, но никогаш не бил напаѓан од него.

Член на екипата што работел на серијата сите шест сезони за Си-ен-ен рекол дека Спејси постојано сексуално го напаѓал и го допирал.

„Ги ставаше рацете на мене на чудни начини“, рекол тој. „Ќе влезеше и ќе ми ги масираше рамениците одзади или ќе ме прегрнеше и ќе ми го допираше стомакот, некогаш на чудни начини што во нормалните секојдневни разговори не би биле соодветни.“

Тој рекол дека му било „непријатно“ да му каже на Спејси да престане. „Тоа е најлошата работа во ова. Би сакал да можам да зборувам отворено за овие работи и да не се плашам.“

Поранешна асистентка на продукција, која работела неколку сезони на „Куќа од карти“, рекла дека била сведок на сексуалното недолично однесување на Спејси со членовите на екипажот.

„Сите знаеја дека Кевин е безобразен, а мажите со кои работев се жалеа дека им е непријатно“, рече таа. „Кевин имаше навика да си игра тепање со нив за да ги допира.“ Таа рекла дека го видела Спејси како им пристапува на „повеќе луѓе“ за да „каже здраво, да ги поздрави, да се ракува и да им ја повлече раката надолу кон своите препони и да ги допира нивните препони. Некои пријатели ми рекоа дека на снимање ги допирал по гаќите“.

Публицистката на Спејси во средата рече дека глумецот по низата обвинувања ќе оди на лекување, а истата публицистка, Стејси Вулф, и нејзината агенција за таленти во четвртокот се збогуваа со Спејси.

Продукцијата на шестата сезона од серијата, чиј извршен продуцент е и Спејси, неделава беше прекината.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе