Алис Амтер од „Големата експлозија“

„Оставете го Мет Дејмон на мира“

Немаш гајле, Мет Дејмон, Алис Амтер ти го чува грбот.

Дејмон, кој одненадеж се најде распнат поради неговите коментари за сексуалното недолично однесување, има сојузник во глумицата од „Големата експлозија“ Алис Амтер, која во четвртокот за Ти-ем-зи изјави дека луѓето „треба да го остават Мет на мира“.

Во интервју за Еј-би-си њуз Дејмон рече дека има „спектар од однесувања“ кога се работи за сексуалната злоупотреба.

„Мислам дека се наоѓаме во пресврт момент“, рече Дејмон. „Мислам дека тоа е одлично. Мислам дека е прекрасно што жените чувствуваат сила да ги раскажуваат своите приказни, и тоа е сосема неопходно... Верувам дека има цел спектар однесувања, нели? И ќе мора да откриеме - знаете, постои разлика помеѓу, знаете, тапнувањето некого по задник и силувањето или пак малтретирањето дете, нели?“

Потоа беше покрената петиција за да се отстрани камео-појавувањето на Дејмон во претстојниот филм „Оушновите 8“.

Но Амтер, која во „Големата експлозија“ ја глуми мајката на Раџ, госпоѓата Кутрапали, за Ти-ем-зи изјави: „Не мислам дека Мет Дејмон треба да изгуби каква било работа.“

„Тој не малтретирал сексуално никого, така?“, праша Амтер. „Значи само тоа е важно, нели?“

Иако Амтер рече дека е добро што жртвите на сексуална злоупотреба јавно го кажуваат тоа и дека сторителите се изложени, таа изрази загриженост дека на луѓето им се суди во медиумите без соодветен процес.

„Јас сум комплетно шокирана што секому може да му биде нафрлено обвинение буквално за ништо, и вие сте виновни без никаква одбрана или слично, и мислам дека тоа е многу опасно, особено за оваа земја, која се залага за слободата на говорот и соодветно судење“, рече оваа актерка родена во Британија.

„Нели ова е земја на слободен говор?“, праша Амтер. „Мет Дејмон, тој само коментираше, затоа што го прашаа. Тоа значи дека јас сум следната, бидејќи и јас само коментирам.“

И водителот на Фокс њуз Такер Карлсон во петокот застана во одбрана на Дејмон.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе