Ноел Галагер: Факинг преболете го брегзитот

На бившиот гитарист на Оејзис му е преку глава од „лелекањето“ за брегзитот.

Поранешниот композитор и гитарист на Оејзис Ноел Галагер смета дека Обединетото Кралство треба да „го преболи“ брегзитот, а оние што се жалат на резултатот од референдумот треба „да се факинг помират со него“.

Зборувајќи во средата во разговор во живо на Фејсбук со музичкиот канал Нојзи, Галагер рече дека е на страната на оние што се за останување во Унијата, иако не гласал на референдумот. Но дискусиите за брегзитот очигледно го нервираат.

„Во Англија брегзитот е као, не ми се верува дека се крева толку прашина околу тоа“, рече тој. „Знаеш што мислам? Тоа им беше дадено на луѓето на гласање, луѓето гласаа. Тоа е демократија. Факинг преболете го тоа.

Јас не гласав затоа што не сметав дека тоа воопшто треба да се става на гласање, бидејќи како најобични членови на јавноста како сте вие квалификувани да разговарате за распад на најстариот континент во ебаниот свет?“

Тој додаде: „Тогаш луѓето што пробуваа да го поништат гласањето, тоа го нарекуваа фашизам. Но веќе не го нарекуваат фашизам, бидејќи тие се факинг 'во право'. Не мислам дека требаше да ја напуштиме Унијата, бидејќи токму во моментот кога тоа се случуваше чувствував дека им го вртиме грбот на Французите, кои минуваа низ некое мрачно терористичко срање.“

„Но тоа сега се случи“, рече Галагер. „Тоа беше легално гласање. Факинг завршете го тоа и да продолжиме понатаму.“

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе