Нетфликс го отпушти Кевин Спејси од „Куќа од карти“

Компанијата одбива да пушта филм во кој глуми и го продуцира Спејси, кој е обвинет за несоодветно сексуално однесување.

Стриминг-мрежата Нетфликс ќе престане да работи со Кевин Спејси на својата серија „Куќа од карти“ и нема да објавува филм во кој глуми актерот, кој беше обвинет за несоодветно сексуално однесување.

Спејси минатиот викенд му се извини на актерот Ентони Рап, кој го обвини дека се обидел да го заведе во 1986 година кога Рап имал 14 години.

Во извинувањето Спејси јавно кажа дека е хомосексуалец, за што беше масовно критикуван, затоа што ги поврзал хомосексуалноста и малтретирањето.

Продукцијата на „Куќа од карти“, во која оскаровецот Спејси го играше американскиот претседател Френк Андервуд, веќе беше прекината во вторникот.

Во соопштението, компанијата вели: „Нетфликс нема да учествува во ниедна понатамошна продукција на „Куќа од карти“ во која игра Кевин Спејси. Ние ќе продолжиме да работиме со МРЦ (продукциската компанија Медиа рајтс кепитал) во текот на оваа пауза, за да процениме каква ќе биде иднината на серијата.“

„Ние исто така одлучивме дека нема да продолжиме со објавувањето на филмот Гор, кој беше во постпродукција, а во кој глуми и го продуцира Кевин Спејси“.

Гор е биографски филм врз основа на животот на писателот Гор Видал во режија на Мајкл Хофман.

Нетфликс претходно објави дека ја прекинува „Куќа од карти“, номинирана за Еми, на крајот од претстојната шеста сезона, поради сексуалните наводи против Спејси.

Претходно неделава публицистката на глумецот рече дека Спејси „се повлекува на лекување“, но ден потоа ги прекина врските со него.

Во 2000 година, Спејси освои Оскар за најдобар глумец за неговата улога во „Американска убавина“, каде што го играше Лестер Бурнам, извршен директор за рекламирање што е опиен од тинејџерката-ќерка на својот најдобар пријател.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе