Ќе остане во затвор уште најмалку две години

На убиецот на Ленон 10-ти пат му е одбиено условно пуштање на слобода

На убиецот на познатиот музичар Џон Ленон ни во десеттиот обид не му е дозволено условно ослободување и ќе остане во затвор уште најмалку две години.

Осудениот за убиството Марк Дејвид Чепмен (63) се појави пред судска комисија во Њујорк во средата, а во одлуката, која во четвртокот ја видел Асошиејтед прес, се вели дека неговото ослободување „би било во спротивност со благосостојбата и безбедноста на општеството“.

Чепмен го застрела поранешниот пејач и гитарист на Битлси Џон Ленон пред станот во Менхетн, на 8 декември 1980 година.

Осуден е на доживотен затвор, со можност за пуштање на условна слобода откако ќе отслужи 20 години од казната.

Кога Чепмен се појави пред комисијата во средата, политичари и обожаватели на Ленон се собраа кај спомен-обележјето Стробери филдс (Strawberry Fields) во Централ парк во Њујорк и повикаа на убиецот да не му се дозволи да излезе од затвор.

Следен пат Чепмен ќе може да бара условно ослободување во август 2020 година.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе