Морган Фримен обвинет за сексуално вознемирување

Морган Фримен е обвинет за сексуално вознемирување од „неколку жени“, според Си-ен-ен.

Медиумот вели дека разговарал со 16 лица за обвинувањата, меѓу кои биле и осум жени што тврделе дека се жртви.

Осум други луѓе рекле за Си-ен-ен дека биле сведоци на наводна злоупотреба. Инцидентите наводно се случиле на снимање, на промоции на филмови и во неговата продукциска компанија - „Ревелејшнс ентертејнмент“.

Една жена, асистент на продукција, која рече дека работела со сега 80-годишниот Фримен на филм, рекла дека тој ѝ ја ставал раката на грб, а еден ден се обидел да ѝ ја крене сукњата и ја прашал дали носи долна облека.

Друга жена рекла дека таа и другите жени што работеле со Фримен знаеле „дека не треба да носат блуза што ги покажува градите“ или да носат нешто тесно.

Таа додала дека Фримен „сексуално ги малтретирал неа и нејзината асистентка во голем број прилики, давајќи коментари за нивните тела“.

Американската телевизија додава дека „повеќе луѓе“ им рекле дека во „Ревелејшнс ентертејнмент“ имало „атмосфера“ на „тврдења за вознемирување или несоодветно однесување на Фримен“.

Сепак, други луѓе што работеле со Фримен рекле за Си-ен-ен дека „никогаш не биле сведоци на сомнително однесување“ и дека тој бил „врвен професионалец и на снимање и во канцеларија“.

Од Си-не-ен контактирале со претставникот на Фримен, кој побарал да му испратат листа на наводни инциденти, меѓутоа, тие допрва треба да одговорат на тврдењата.

Кариерата на Фримен трае речиси пет децении, во кои тој глумеше во голем број легендарни филмови, меѓу кои и „Бегство од Шошенк“ и „Седум“. Тој освои Оскар за најдобар спореден актер за неговата улога во филмот „Девојка од милион долари“, а беше номиниран за улогите во „Стрит смарт“, „Возејќи ја мис Дејзи“, „Бегство од Шошенк“ и „Непокорен“.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе